ДПТУ „ЖИТО“ ДООЕЛ Велес го отворија својот прв објект во општина Петровец. Со новоотворениот Жито маркет, граѓаните од оваа општина добија модерен супермаркет што нуди голем избор производи од многу брендови, со пристапни цени, одлична услуга како и разни поволности и чести промотивни акции за купувачите.
Ова е 54-тиот објект на велешката компанија со што Жито маркети си ја зацврсти својата позиција на еден од најголемите ланци на супермаркети, со најбрзорастечка мрежа присутни низ целата држава.
Темпото на растење се должи на зголемените барања од граѓаните за концептот на супермаркетот што го нуди токму Жито маркет, модерен и прилагоден на потребите на потрошувачите.
„На жителите на Петровец им нудиме концепт на малопродажен објект со ниски цени. Отвораме супермаркет што соодветствува со барањата и потребите на современиот потрошувач. „Жито маркети“ со секој новоотворен објект останува доследен и ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата како и исполнување на барањата на купувачите“, изјавија од Жито Маркети.
Отворањето на новиот објект беше проследено со бројни промоции, дегустации, како и продажни акции од типот 1+1, 2+1, гратиси и уште многу разни изненадувања за купувачите на денот на отворање.
Новиот Жито маркет во Петровец располага со 220 квадратни метри површина, паркинг простор и две наплатни каси. Работното време на супермаркетот е од понеделник до сабота од 07.30 до 21.00 часот и во недела од 08.00 до 16.00 часот.
За повеќе информации за Жито маркети посетете ја страницата www.zito.com.mk или нашата фејсбук страница.Ова е 54-тиот објект на велешката компанија со што Жито маркети си ја зацврсти својата позиција на еден од најголемите ланци на супермарк