(Скопје, 23.11.2014) – Жито го отвори својот нов маркет во населбата Тафталиџе, кој е лоциран на улица: Будимпештанска број 7, со површина од 240 метри квадатни, со тим од 11 вработении со две наплатни каси. Овој супермаркет на своите потрошувачи ќе им озовможи врвна услуга и широк асортиман на производи по прифатливи цени.„Жито Маркети со секој новоотворен објект продолжува да ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со барањата и со потребите на современите потрошувачи. Големо задоволство ми преставува тоа што и жителите на Тафталиџе ќе имаат шанса да се уверат во вредностите на нашата компанија, како што се квалитетот, ниските цени и услужливоста“ – изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.
На денот на отворањето за сите присутни беа подготвени голем број подароци, промоции, попусти, продажни акции и гратис производи. Уште веднаш купувачите можеа да ја искористат лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“ и бенефициите што ги овозможува при купувањето. Со тоа, воедно граѓаните ја покажаа и својата хумана страна, односно преку добивање на картичката да донираат онаму кај што е потребно, а членaрината во нивно име ја дава Жито Маркети.
Супермаркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот до 21:00 часот, додека во недела ќе работи од 08.00 до 14:00 часот.„Жито Маркети со секој новоотворен објект продолжува да ја применува својата веќе докажана политика – понуда и услуга во согласнос