Со овој гест сакаме симболично да потенцираме дека сме неуморни во нашата посветеност да одговориме на барањата и потребите на граѓаните. Нашата филозофија и работна етика е дека нема тешки задачи и големи одговорности. Имаме поставено цели, имаме и планови и работиме со цел да го оствариме сето она што сме го зацртале, а пред се имаме одговорност да ги исполниме ветувањата кон граѓаните дека ќе бидеме достапни насекаде.(Скопје, 27.08.2014) – Жито Маркети отвори два нови супермаркети во еден ист ден, во Аеродром и Кисела Вода. Со ваквиот единствен потег, компанијата од Велес станува подостапна за опслужувањето на граѓаните и купувачите во двете скопски општини.
„Отворањето на два маркета во еден ист ден е секако значаен и посакуван момент во ширењето и растењето на нашата компанија. Со овој гест сакаме симболично да потенцираме дека сме неуморни во нашата посветеност да одговориме на барањата и потребите на граѓаните. Нашата филозофија и работна етика е дека нема тешки задачи и големи одговорности. Имаме поставено цели, имаме и планови и работиме со цел да го оствариме сето она што сме го зацртале, а пред се имаме одговорност да ги исполниме ветувањата кон граѓаните дека ќе бидеме достапни насекаде. Тоа значи дека не застануваме тука – нови Жито маркети ќе бидат отворени наскоро и во други градови низ Републиката” – изјави Далибор Ѓошески, Генерален менаџер на Жито Маркети.
Едниот маркет е лоциран во Кисела Вода и е на површина од 246 метри квадратни. На своите потрошувачи ќе им донесе поволни акции и врвна услуга по прифатливи цени, карактеристична за сите маркети од ланецот на Жито. Додека пак другиот маркет се наоѓа во општина Аеродром, со 146 метри квадратни корисна површина. Според, големината, понудата и цените е класифициран во категоријата како дисконт и ќе нуди поголеми попусти за поголеми заштеди на граѓаните. Врвниот квалитет, брзата услуга, лојалност, пристапни цени – ќе се применуваат и во новите членови на семејството на Жито.
Според традицијата и досегашната практика на Жито Маркети, отворањето на двата капацитети беше проследено со големи попусти, акции, презентации, дегустации како и подароци за купувачите на првиот ден од работата на овие маркети.(Скопје, 27.08.2014) – Жито Маркети отвори два нови супермаркети во еден ист ден, во Аеродром и Кисела Вода