Зинат Рафик (18) од градот Лахореа во Пакистан, умрела откако нејзината мајка ја полила со бензин и ја запалила за да ја казни затоа што девојката сама го избрала својот сопруг, а не го прифатила оној кој родителите и го договориле.– Ја убив својата ќерка. Ја спасив својата чест. Веќе никогаш повеќе нема да ме посрамоти, рекла мајката веднаш откако го направила овој суров чин.
Девојката не се согласила на договорениот брак кој и го спремиле родителите, кои подоцна строго ја осудиле.
Тие сметале дека за таа одлука мора да плати со својот живот. Пред да ја запали ќерката, мајката ја гушела, а девојката починала во најголеми маки.
Инаку ваквиот случај не е единствен во Пакистан. Според официјалните податоци, минатата година 1096 жени биле убиени заради чест.
Овој огромен број на жртви лежи во судирот помеѓу модерниот и старомодниот начин на живот во оваа земја.– Ја убив својата ќерка. Ја спасив својата чест. Веќе никогаш повеќе нема да ме посрамоти, рекла мајката веднаш откако го направила овој суро
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.