Група полиаморни љубовници, одлучи да открие како е да се биде во љубовна врска во која се наоѓаат повеќе луѓе – тука се Џош, Сара и Алиса коишто живеат заедно под ист покрив, а најновата нивна девојка се вика Мери Ешли и сѐ уште живее одделена од нив.Тие одлучија да откријат како се запознале, какви биле реакциите на нивните семејства и пријателите, но и дали имале љубомори испади во нивниот однос и како се носат со тоа.
Џош објаснува како Сара и тој се запознале додека била во отворени врска. Се познавале околу три месеци, се заљубиле и одлучиле дека не сакаат конвенционален однос како и другите луѓе.
Се запознавале со разни девојки и оделе на состаноци во тројка, додека не ја запознале Алиша која се заљубила во двајцата, па започнале заеднички однос.
Шест месеци потоа ја запознале Мери Ешли, која им се претставила како полиаморна. Девојките се бисексуални, а Џош вели дека магијата во таквиот однос е тоа што секој во врската донесува свои маани и доблести кои се надополнуваат.
„Тешко е да добиеш сè што ти е потребно од еден човек“ – додава Мери Ешли.
Велат дека нивниот однос им го олеснува животот и дека никогаш не биле претерано моногамни.
„Постојат луѓе кои се моногамни, но ние не сме такви“ – истакнува Џош.
Сметаат дека нивниот однос е лишен од љубомора бидејќи меѓусебно си даваат слобода и права.Тие одлучија да откријат како се запознале, какви биле реакциите на нивните семејства и пријателите, но и дали имале љубомори испади во нивниот одн



