Живее 15 години во гробница, но неговата драма штотуку добила филмски пресврт!

Животот на Братислав Стојковиќ (44), човек кој повеќе од 15 години спие во гробница покрај три лимени сандаци на напуштени стари гробишта во Ниш, би можел да се промени од корен. Бидејќи, наградуваниот филм инспириран од неговиот живот „Во куќа со мртвите“ го видел и Суад Ќелиќ, кој веќе со децении живее и работи во САД. И штом го изгледал филмот, одлучил да му помогне на Братислав.Така, Стојковиќ, после 15 годишен бездомен стаж, на пат е да добие документи, да започне оставинска постапка и да ја поправи куќата која била оштетена во пожар во кој настрадал неговиот татко и каде изгорело се што имал.
Братислав никогаш н икому не му се пожалил, но благодарение на своето „престојување“ во гробница во еден момент станал вистинска „медиумска ѕвезда“. За животот на овој човек бил снимен и документарец. Две години подоцна следел пресврт, кој ниту холивудските филмаџии не би ги оставил рамнодушни.
„Суад Ќелич прати пари да му биде купена гардероба, уплатени му се два оброка дневно во експрес- ресторан, а во тек е средување на личните документи, бидејќи Братислав нема ни лична карта. Кога тоа ќе го завршиме, ќе може да се пријави за социјална помош и за народна кујна. Ангажиравме адвокатска канцеларијакоја ќе му помогне во обезбедување на документација за да започне оставинска постапка“, не ја крие радоста Градимир Николиќ, продуцент на филмот, и додава дека посакувале да се појави некој како Суад.

 
Братислав лја прифатил помошта од другиот континент бидејќи не се сеќава кога имал редовни оброци и чиста гардероба. Иако живее на гробишта на кои од 1960 година никој не бил погребуван , Братислав е ведар човек.

„Животот е чуден и јас се навикнав на тоа. Уште почудно е тоа кога после толку години ќе облечете чиста облека. Брзо заборавив и на вкусот на храната од контејнер која со години ја јадев. Скоро да се помирив дека животот ќе ми заврши меѓу овие лимени сандаци и коски, но ете се појави светло во мојот живот.
Стојкивиќ признава дека без помошта на филмаџијата и Суад никогаш не би се снашол. Вели дека не е мрзлив и дека би се фатил за работа, бидејќи некогаш бил ценет молер и дека сонува повторно да ја работи таа работа и да го поправи уништениот дом.Така, Стојковиќ, после 15 годишен бездомен стаж, на пат е да добие документи, да започне оставинска постапка и да ја поправи куќата која била оштет

Пронајдете не на следниве мрежи: