Живеел во луксуз, но се ОТКАЖАЛ: Сега има куќичка од слама и кал!

Иако во текот на својот живот бил во странство и престојувал во хотели со седум ѕвезди, ги поминал сите континенти и живеел на висока нога – тој не бил задоволен од својот живот.И додека секој ден сведочиме како луѓето од кај нас, но и од регионот, заминуваат во светот трагајќи по подобар живот, 38-годишниот Никола Бориќ е спротивноста на тоа сценарио.
Тој бил репрезентативец на Хрватска во триатлон, има работено како тренер, со што продолжил да се занимава и кога отишол во странство.
-Работев со Стјепан Божиќ шест години и со него земавме светска титула, со Ана Сршен земавме две сребра во Сиднеј и Атина, освојував медали и со Гордан Кожуљ. Во Хрватска создадов прваци во 30 различни спортови, раскажал Никола за „Глас на Славонија“. Тој додал дека има работено во Мароко, Њујорк, Париз, Дубаи, Лондон…
Но, иако живеел на висока нога, тој не бил задоволен од својот живот. Во потрагата по душевен и животен мир, Никола оставил сѐ зад себе: сопствената компанија која вреди неколку милиони долари во Кина, тој му ја подарил на пријателот за роденден, а по осумгодишна потрага, тој го пронајде идеалното место за живот – малечкиот Кочак кој се наоѓа во близина на Ораховица.

-Дивината ме влечеше цело време. Направив список на сето она што сакав да го имам, го видов светот и се најдов тука. Барав место во шумата со извори на вода, поток и каде што нема многу луѓе. Овде го најдов сето тоа и сега секој ден ме водат срцето и молитвата. Можеби ќе си заминам денес, а можеби засекогаш ќе останам. Така всушност изгледаат моите планови, рече Никола кој живее во куќичка од два квадрати, направена од слама и кал и која има покрив од даски.
Никола спие на снопови сено, јаде само еднаш неделно, но редовно одржува хигиена.
-Јадење не ми треба. Моето маче јаде повеќе од мене. Се хранам од други извори, редовно се молам и медитирам од четири до шест часот секој ден и тоа е мојата храна. Бог ми дава сѐ што ми е потребно, вели Никола кој тврди дека ужива во природата и мисли дека засекогаш ќе остане тука. И додека секој ден сведочиме како луѓето од кај нас, но и од регионот, заминуваат во светот трагајќи по подобар живот, 38-годишниот Никола Бориќ е

Пронајдете не на следниве мрежи: