Стан во поткровје, кој нема ниту туш, ниту тоалет, само еден мал мијалник, е изнајмуван по цена од 300 евра месечно. Сопственикот на минијатурниот стан во Париз, од само 1,56 квадратни метри и агенцијата преку која бил изнајмуван, ќе мора да плати 10.000 евра на име отштета на станарот кој живеел таму 15 години.
Сопственикот и агенцијата за недвижности се осудени, исто така, на станарот солидарно да му платат по 1.000 евра за „ нанесување морално страдање“, како и 816 евра за трошоците за неговата селидба.
Адвокатот на станарот вели дека одлуката на судот е „во целина на задоволително ниво“.
– Пресудата јасно предупредува како за експлоатираните станари така и за сопствениците кои изнајмуваат простор недостоен за живот, ја искористуваат човечката беда – изјави тој, пренесуваат француските медиуми.
Според францускиот закон, секоја стамбена единица мора да има најмалку девет квадратни метри простор за живеење и висината на таванот од најмалку 2,20 метри. Сопственикот на минијатурниот стан во Париз, од само 1,56 квадратни метри и агенцијата преку која бил изнајмуван, ќе мора да плати 10.000 евра на и