Живеела како Пепелашка: Самоубиството на ова девојче ја потресе Британија. По неколку месеци се појавија шокантни детали!

Тринаесетгодишната Амбер Пит, една вечер исчезнала од семејната куќа, а три дена подоцна била пронајдена обесена на само два километри оддалеченост. Иако полицијата тврдела дека случајот не е сомнителен, нејзиното пошироко семејство се впушти во истрага и откри шокантни детали.Нејзините пријатели велат дека била една од најљубезните и најдуховити личности. Сакала времето да го поминува кај нејзината баба, а како и секое девојче сонувала да стане манекенка кога ќе порасне. А сега, повеќе не е меѓу живите. По враќањето дома од семејниот одмор во Корнвол на 30 мај оваа година, настанал метеж, биле разменети неколку зборови, влезната врата се треснала и Амбер исчезнала. Таа не се вратила дома, а три дена подоцна била пронајдена обесена на само два километри од домот.
Амбер живеела со нејзината мајка, очувот и сестрата, а нејзиниот биолошки татко Адријан Кук тврди дека дознал за исчезнувањето на неговата ќерка преку Фејсбук, пишува Daily Mail.
Никој не ја забележал кога била исчезната, а полицијата изјави дека нејзината смрт не е под сомнителни околности по трагичното откритие – што е превод за тоа дека нејзината смрт нема да биде третирана како случај на убиство.
Додека локалната полиција го барала девојчето, нејзиниот биолошки татко тврдел дека неговата ќерка само со читање на вакви случаи на интернет, би можела да го направи истото.
По неколку дена, нејзината мајка Кели (39) и очувот Дени Пит (31) зборувале за одморот во Корнвел и за тоа колку Амбер убаво си поминувала, а дека по враќањето била замолена да исчисти нешто.

Веднаш потоа, таа излетала од домот. Во интервју за британските медиуми, нејзината мајка додала дека на Амбер можеби ѝ недостасувал нејзиниот татко откако се преселила во Нотингхемшир.
Во времето на нејзиното исчезнување, дознале дека девојчето не било во контакт со нејзиниот биолошки татко, а полицијата изјавила дека е срамно тоа што нејзиниот татко дознал за исчезнувањето преку социјалните мрежи.
„Семејството е очајно. Не нѝ е јасно што ѝ се случило толку лошо што си го одзема животот. Веројатно била вознемирена затоа што не го видела својот татко“ – изјавила мајката.
По овој трагичен настан и понатаму останува прашањето – Зошто го направила тоа? Денес, по неколку месеци, нејзиното пошироко семејство добило увид во пошироката слика од последните месеци од нејзиниот живот, кој одлучиле да го споделат.
Тие сметаат дека нејзиниот глас мора да се слушне. Како што најчесто се случува, сѐ започнува во домот. Очувот на Амбер, Дени Пит, кој со голема љубов зборувал за неа пред камерите, засега е отстранет од семејниот дом од страна на социјална служба и не му е дозволено да биде во контакт без надвор со Рајли (12), помладата сестра на Амбер и помладата ќерка на неговата сопруга.
Оваа одлука била донесена откако настанала загриженост по трагичната смрт на малата Амбер, затоа што како што се дознало, таа била изложена на тешки и несоодветни казни, како и на постојан потсмев. Тоа само ја засилило истрагата меѓу поширокото семејство на Амбер Пит.
Според тврдењата на соседите, блиските пријатели и роднините, Амбер живеела како Пепелашка – носела товар кој воопшто не бил фер, кога станува збор за домашните работи, а потоа остро била критикувана кога тие работи не биле „задоволувачки“ извршени.
Нејзините пријатели велат дека била една од најљубезните и најдуховити личности. Сакала времето да го поминува кај нејзината баба, а како и секое д

Пронајдете не на следниве мрежи: