„Живеев седум години без пари“: Еве што заклучил!

Британецот Марк Бојл е дипломиран економист кој долго време работел за една голема кропорација, продавајќи ГМ супстанци на фармерите низ Англија.Меѓутоа, по гледањето на филмот „Ганди“ му се сменила перспективата кон светот и екологијата, па одлучил да изведе експеримент и да помине една година живот без пари. Но, не бил свесен дека овој негов потфат ќе продолжи неверојатни шест години.
„Се обидов кратко да бидам менаџер во неколку компании кои се занимаваат со производство на органска храна, но набрзо сфатив дека на тој начин нема да сменам ништо и затоа решив да го започнам овој експеримент“ – вели Марк.
„Кога сами би ја одгледувале храната што ја јадеме, не би фрлале ни третина како што го правиме тоа денес. Да изработувавме самите маси и столици, не би ги фрлале кога би се појавиле нови модели. Колку и да звучи ова смешно, ние едноставно мора да бидеме промената којашто посакуваме да ја видиме во светот. Ова за мене значеше дека морам да се откажам од парите“ – додава тој.
Така започнало неговото патување, па веќе првиот ден Марк успеал да нахрани 150 луѓе од отфрлените намирници коишто ги пронашол, а за година дена имал свои градинарски култури од кои добивал компензација за оброци.
„Скоро година дена се хранев со отфрлена или рециклирана храна, а воедно почнав да одгледувам и своја храна. Кон крајот на годината ги видов плодовите од мојот труд и можев да се хранам од сопствената бавча, па почнав да правам и разни банкети. Кога е во прашање тоалетот, наместо тоалет хартија користев весници, а паста за заби правев од коски од сипа и диви семиња“ – вели тој и додава:

„Се капев во река со сапун од растенија, а се движев пеш или со велосипед. Наместо тоалет, направив простор за складирање на изметот, кој го користев како ѓубриво. По два, три месеци почнав да верувам дека сите проблеми полека ќе се решат на алтеративен начин“.
Марк живее во караван кој го добил од Фрисајкл (uk.freecycle.org), кој е паркиран во органска фарма во близина на Бристол, каде Бојл волонтира три дена неделно. Тој има шпорет на дрва и продуцира струја од сончев колектор. Има мобилен телефон на сончева енергија за повици во еден правец (за луѓето кои сакаат да го бараат), како и лаптоп кој исто така е на сончева енергија.
Бојл, кој е веган веќе шест години, ја основал и Фрикономи онлајн мрежата во 2007, која ги охрабрува луѓето да ги споделат своите вештини или поседувања и сега истата има 17.000 членови.
„За сѐ ви треба повеќе време кога живеете во свет без пари. Перењето на алиштата во ладна вода сега може да одземе и неколку часа наместо 30-тина минути во машината за перење. Пастата за заби ја правам од коска од сипа и диви семиња. Работите како Ајпод треба да ги заборавите, но сега птиците низ дрвјата се мојот нов Ајпод“ – раскажува Бојл, кој вели дека сепак има мал проблем со социјализирање без пари.
„Во моментов сум сингл, но се надевам  дека ќе бидам доволно среќен за да најдам уште една жена во светот која ќе сака да се откаже од парите за цел живот“ – вели Марк Бојл, човекот кој живее без пари.
Негов заклучок е дека денешната нација премногу се потпира на технологијата за помош во животот, наместо луѓето сами да се обидат да ги засукаат ракавите. Токму затоа, сите би требале да ги оставиме лабораториски направените лекови, со оглед на тоа што Марк вели дека ги излечил сите свои болки и болести со обични растенија коишто можат да се одгледуваат во сечија бавча.
Меѓутоа, тоа не ги вклучува и комплицираните операции коишто се нужни за да се спаси нечиј живот. Меѓутоа, по гледањето на филмот „Ганди“ му се сменила перспективата кон светот и екологијата, па одлучил да изведе експеримент и да пом

Пронајдете не на следниве мрежи: