Метеорологот Момчило Живковиќ од Белград, кој во 2012 година бил под истрага за корупција во Србија, во интервју за порталот мкд.мк зборува за големото невреме во Македонија, иако самиот признава дека не го следел и не бил запознат со сите детали. Опозицијата и медиумите под нејзина контрола почнаа да бараат сомнителни ликови во поддршка на некрофилската политика на СДСМ, пишува Курир.„Сѐ уште не сум запознаен со сите детали. Ситуацијата во Скопје не ја следев пред сѐ поради фактот дека нашиот (српскиот) Републички хидрометеоролошки завод даде најава за таканаречениот црвен аларм, но како и секогаш досега, таа приказна не е сериозно разбрана во неколку засегнати држави од балканската почва.“, вели Живковиќ за мкд.мк обвинувајќи дека српската метеоролошка служба е најдобра во целиот регион, а ниту една околна земја нема ни приближно квалитетна служба. Елитизам кој не е новина кога доаѓа од нашиот Север.
Но, иако не го следел невремето и не ги знае деталите околу него, Живковиќ нема проблем грубо да шпекулира и да се поставува како човек кој е најзапознат со состојбата во Македонија:
„Проблемот на нашата балканска, секако и македонска неодговорност е што ние не вложуваме на време финансиски средства за да спречиме вообичаени и очекувани врнежи од 100 литра на квадратен метар за краток временски период од, да кажеме 24 или 30 часа, за да спречиме силни напливи на вода“, вели Живковиќ. Доколку ја следел ситуацијата во Македонија и знаел барем мали детали, ќе бил свесен дека во Македонија рекордната количина дожд падна за неполн час, а не за 24 или 30 часа како што споредува неинформираниот Живковиќ.
Тој продолжува: „Не ги димензионираме канализациите за екстремни врнежи. Во таа смисла, јасно е дека во Македонија потфрли таканаречениот човечки фактор.“ Тука кај Живковиќ уште еднаш потфрлува факторот на знаење и кажува груба лага базирана на неговото тотално непознавање на ситуацијата. Дождот во Македонија падна во селски дел во каков никаде во светот (тоа значи и во српските села) не се прават големи канализациони системи со какви што се расфрла „експертот од Белград“. Информација плус која не може да ја знае човек како Живковиќ кој ниту следи ниту се интересира: каналите во општина Гази Баба беа чисти пред невремето.
Иако е евидентно неговото потполно непознавање на страшниот порој на Скопска Црна Гора за кој веројатност да се случи има од 0,1%, тоа не му пречи да продолжи да ужива во улогата на огромен експерт за нашето невреме, бидејќи „е од Белград и има големо искуство во водење на метеоролошки институции“.
Па тој продолжува: „Скопскиот пропуст е кристално јасен. Незнаењето кое со години е акумулирано мораше да доведе до оваа несреќа. Да не се залажуваме, 100 литри вода на квадратен метар не е нешто што треба или може да заплаши ниту еден голем град како Ротердам, Виена, Париз или кој било германски град!“
Живковиќ го споредува скопскиот регион со градови кои во близина немаат ни приближно планини големи и стрмни како Скопска Црна Гора, на која дождот падна па со огромна брзина се спушти надолу. Уште еден огромен пропуст на експертот Живковиќ чија најголема експертиза во анализата на страшното невреме во скопско е експертизата во незнаење.
Оние кои го следеа невремето, за разлика од Живковиќ, како на пример експертите од специјализираниот Weather Channel, тврдат дека вакво невреме е речиси невозможно да се предвиди и го споредуваат со слично невреме кое се случило во Западна Вирџинија, САД.
Видеото на WEATHER CHANNEL може да гоо погледнете ТУКА
Многу слично вакво невреме кое предизвика десетици жртви и причини материјална штета во милијарди евра, пред неколку месеци ја погоди Германија. Корумпираниот Живковиќ тогаш не се јави со свое мислење, но такво имаа германските експерти:
„Буквално е лотарија каде точно и кога ќе дојде следната бура. Речиси низ целата земја ризикот од временски непогоди е висок, помал е ризикот во југозападниот и во североисточниот дел. Проблемот е во брзината на повлекување на облаците.Бидејки малата брзина на ветрот предизвикува облаците кои го предизвикуваат невремето да неможат да се помрднат од место.”, стои во информацијата објавена од националната германска телевизија ARD во врска со поплавите кои причинија голема штета и човечки жртви во Германија пред неколку месеци.
Инаку, експертот од Белград Живковиќ, според објавеното од страна на Државната ревизорска институција на Србија, се наоѓа меѓу другите одговорни личности во министерствата и другите државни институции во Србија против кои беа поднесени прекршочни пријави за ненаменско трошење на средства од буџетот. Одговорните против кои се поднесени пријави ги кршеле прописите во буџетскиот систем, а заедничо за сите нив е што ги кршеле одредбите од Законот за јавни набавки.
Против Момчило Живковиќ, директор на Агенцијата за заштита на животната средина, поради плаќање на неизведени градежни работи на електроинсталационата и водоводно-канализационата мрежа се поднесени две прекршочни пријави.„Сѐ уште не сум запознаен со сите детали. Ситуацијата во Скопје не ја следев пред сѐ поради фактот дека нашиот (српскиот) Републички хидромет