Живот во болка- за оваа тинејџерка СЕКСОТ е ИЗМИСЛЕН поим

Тинејџерката Дарси  Кели (19) има ЕДС, редок синдром кој предизвикува зглобовите да не ѝ остануваат на своето место.Британката дури е приморана да јаде течна храна за да не мора да ја поместува вилицата и на тој начин да го спречи нејзиното испаѓање и откажување, не може дури ни да отвори шише вода, а да не ѝ испадне рачниот зглоб…
Но како  што вели Дарси најнепријатен момент ѝ бил кога го имала првиот секс- ѝ испаднал колкот од лежиштето.
„Бев млада, така што самата помисла за секс ми беше доволно страшна и стресна. Се трудев, а потоа само  слушнав гласна пукнатина. Тој тоа не го слушна, но го виде моето лице кое беше ужаснато. Не сакав да го повредам, па отидов во тоалет за да го вратам колкот на место. А кога се вратив, продолживме таму каде што застанавме“, вели  Дарси.
Таа наследна болест ја има и нејзината сестра која е циркуски изведувач, како и нејзиниот брат кој е каскадер, но Дарси е во најлоша положба.
Тинејџерката во таа прилика рекла дека некогаш ѝ се случува да има и до  20 изместувања дневно, што е застрашувачки.
„Има денови кога не можам да станам од кревет бидејќи се изместувам 10 пати додека станам од кревет, но денот е добар кога имам само 6 изместувања. Пред неколку дена  ми испадна колкот додека станував од кревет, поради што паднав, а со тоа го изместив и рамото“, објаснува таа.
Нејзиниот најголем страв е како ќе работи полно работно време  после факултетот. За луѓето како неа животниот век е ограничен помеѓу 35 и 40 години.

 
Но, нејзините мисли сепак се позитивни.
„Јас не ги слушам туѓите приказни. Ми кажаа дека ќе бидам во инвалидска количка од 18 години, но и  понатаму функционирам, одам на прошетки и со мене се е во ред. Имало  денови кога на моите пријатели им ги раскажував своите повреди и се смеев на своја сметка, но поради  многу смеење ја изместував вилицата“, вели таа и додава дека жиотот е поубав кога можете да се смеете .
Таа често знае сама да го „поправи“ изместувањето, но тоа воопшто не е добро.
 Постојат некои работи кои можам сама да ги средам, но на пример ребрата и вилицата не можам. Секој пат имам чувство  како  сите ковчиња да ми  се скршиле, а кога ќе ги вратам е уште поболно. Чувствувам како да ми се кршат коските 20 пати на ден“, објаснува тинејџерката.Британката дури е приморана да јаде течна храна за да не мора да ја поместува вилицата и на тој начин да го спречи нејзиното испаѓање и откажување,

Пронајдете не на следниве мрежи: