Живот во хаос- го научивте ли момчето да ја раскрева масата после ручек?

Обид за дуел или вистински проблем?
И се ќе беше совршено доколку ТОЈ внимаваше на работите што ги користи во домот, на водата што ја остава на плочките после туширањето во бањата, на секогаш оставениот кренат капак на WC шољата,на здиплените и добро испеглани алишта,на чинијата оставена после ручекот, и сите други работи кои веќе ви претставуваат едно секојдневие…Разбудете се од бајката, ретки се таквите внимателни мажи. Не дека ги нема,јас верувам дека во секој од нив длабоко се крие таа внимателност, но едноставно подобро и полесно е кога “некој друг место вас ке ја заврши работата”…
Дали ова претставува само причина да се започне дуел со машкиот пол? Или дали сето ова е последната капка на полната чаша? Факт е дека секоја жена ја нервира нередот во домот и недоволната помош од негова страна и понекогаш поголемите проблеми што ги имаме меѓу себе не тераат да ги искажеме преку таквите мали ситници,но некогаш навистина посакуваме тој да не разбере кога велиме дека треба да се поделат и да се почитуваат заемните обврски!

Како до компромис?
Сигурно секојдневно се прашувате како да пронајдете компромис меѓусебе токму за овие мали работи? Почнете од себе, најпрвин запрашајте се зошто дозволувате тоа да ви претставува нервоза? Вие сте едноставно таква, чиста, секогаш средена, домот ви е секогаш во најдобар ред, и сакате тоа така и да остане, но вие затоа и сте ЖЕНА! А воедно сетете се и дека неможете на промените нечиј карактер и однесување.
Вашето секојдневно зборење сигурно нема да ви биде многу од корист ни на вас а најмалку нему. Затоа пробајте повеќе “да не се фаќате за ситници” како што би рекле тие и обидете се на најубав и најмирен можен начин да ги решите работите.
Поделете ги обврските
Дајте му предлог за поделба на обврските. Нема потреба од викање за секоја работа што ќе ја направи или не.
– Зададете му сосема нова обврска, која сметате дека би му било полесно да ја прифати. Размислете што тој би можел да стори за вас.
– Пронајдете ги неговите слаби страни и допрете до него.
– Понудете му ја својата помош за што и да му е потребно, така тој ке почувствува дека сте тука за него, па во иднина ќе ви возврати на истиот начин.
-Изненадете го со убав ручек или појадок, тоа сигурно би му се допаднало, и ќе сака да ви се оддолжи со една убава вечера надвор од домот, со што би имале една обврска минус во текот на денот.
– Нека помогне при чистењето во текот на викендот, тогаш ќе биде сосема одморен, а работата ќе ја завршите побрзо двајцата, со што подоцна би имале повеќе време да поминете заедно одмарајќи или гледајќи добар филм.
– Најдобар начин да сфати, некогаш е и вашето отсуство. Кога ќе имате потреба да заминете некаде поради вашата работа (на пр.семинар, надвор од државата и сл),сите одговорности ќе му бидат оставени нему. Тогаш ќе се научи како да се справува со нив и конечно да ги прифати.
Секако еден ден ќе разбере дека живее со некого а не сам и нема вечно да го прави истото. Заедничкиот компромис и разбирање се многу важни работи во една заедница и нормално е партнерите секојдневно да се прилагодуваат еден на друг. Сите се различни, но со текот на времето секој на свој начин успева да ги прифати условите што се поставуваат  за да може  еден таков живот нормално да функционира.Разбудете се од бајката, ретки се таквите внимателни мажи. Не дека ги нема,јас верувам дека во секој од нив длабоко се крие таа внимателност, но ед

Пронајдете не на следниве мрежи: