Животна приказна која ќе ви даде мотив да се борите

Амбициозниот менаџер Александар е роден во сиромашно предградие како деветто дете, од татко рудар и болежлива неука мајка, која во финансиска смисла не мжела да му помгне на семејството. 
Тоа што за многумина било скромно, за нив било раскош. Во нивниот дом секогаш се чувствувала некоја топла атмосфера. Сите се согласуваат дека пилешката супа што ја подготвувала неговата мајка била највкусното нешто, иако во неа за волја на вистината, имало многу малку пилешко. 
Александар бидејќи имал преголеми амбиции, оваа ситуација навистина не му била поволна и сакал да направи се, само да се спаси од неа. Годините минувале, а неговото незадоволство било се поголемо. Неговите желби никогаш не биле во согласност со неговите можности. 
Тоа за него бил уште поголем напор, односно извор за незадоволство и стрес. Одлучил да му се спротистави на стресот и на целата ситуација, па направил се што е во негова моќ за да ги достигне своите високи цели. 
Константно работел, учел, грешел и бавно напредувал, решен да стигне до посакуваната цел. Со таа амбициозност, следење на своите цели и верување во себе, работите почнале да се менуваат. 
Од обичен хонорарен продавач, релативно брзо напредувал во хиерархијата на работењето во една голема корпорација. Како што напредувал, се зголемувале и неговите обврски, како и стресот со нив. Стресот поради лошата материјална состојба, овој пат се променил во стрес поради преголемите обврски и одговорности. Меѓутоа, Александар, не се откажал ни овој пат, туку донел одлука на стресот да му се спротивстави уште пожестоко така што ќе работи уште повеќе и конечно ќе заработи доволно пари за да може да престане да работи и да си обезбеди трајна егзистенција и удобен живот. 
Годините минувале, а тој навистина напорно работел и се трудел. Речиси и не го забележал периодот кога стекнал огромно материјално богатство, кое му овозможило да престане со работата под стрес и нервоза. 
Набрзо, тој успеал во својата цел и се повлекол од функцијата. Почнал да живее мирен живот, уверен дека конечно ќе може да се релаксира, да не се крижи за ништо и да ја победи битката со стресот. Но, дали стресот навистина исчезнал? Можеби за кратко време, кое буквално траело неколку дена. 
Тие денови тој уживал во мирот и спокојот, но деновите почнувале да бидат здодевни. Набргу нервозата и стресот го преовладале Александар и иницирале да помислува „Зарем за ова се борев? Дали овој мир и спокој е тоа што навистина го сакав“? 
За миг помислил дека ја загубил долгогодишната борба со стресот, дека целта која ја имал не била вредна и тие години поминати во труд и работа биле залудни. За момент помислил на супата на мајка му, која тогаш толку многу ја мразел, а сега толку многу му е потребна. Почувствувал голема празнина бидејќи станал свесен дека мајка му ја нема веќе долго време, а тој поради преголемата зафатеност не успеал да ја прежали како што доликува. 
Дали сега е време за каење и за нов стрес? Неколку минути подоцна неговите мисли ги исполнило некоја ведрина. Одеднаш, како да му станало јасно зошто сето тоа се случувало сите овие години. 
Одговорот е тука! Тој се обидувал да избега од стресот, а тој бил цело време во него! „Го открив противникот, тоа сум јас самиот! Јас му давам значење на стресот, а тој е последица на мојата перцепсија, на моите мисли“!
Со оваа животна приказна сфаќаме дека треба да се бориме за своите цели, да веруваме во своите способности и никогаш да не дозволиме стресот да преовлада со нашите мисли и емоции! 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Амбициозниот менаџер Александар е роден во сиромашно предградие како деветто дете, од татко рудар и болежлива неука ма

Пронајдете не на следниве мрежи: