ЖИВОТНА ПРИКАЗНА НА ЕДЕН СВЕШТЕНИК: Се обидов да живеам без Господ и година дена подоцна јас веќе не верувам во него!

Loading...

Бел поминал 19 години работејќи како свештеник, а во март минатата година прв пат дошол во конфликт со надредените поради заложувањето за укинување на забраната на истополни бракови.Свештеникот на адвентистичката црква Рајан Бел (43), одлучи 2014 година да ја помине далеку од религијата, со цел подобро да го запознае атеизмот против кој се борел поголем дел од својот живот.
Сега, кога веќе се наоѓа на крајот на својот „експеримент“, Бел вели дека повеќе не верува во Господ.
„Истражив поголем дел од аргументите и сметам дека не постојат убедливи докази“, изјавил Бел кој тврди дека без оглед на промената на гледиштето, сѐ уште е истата личност и додаде дека атеизмот му одговара.
И неговиот брак се најде во криза, која брзо завршила со развод откако Бел решил да си ги преиспита верувањата. Тој се одлучил да го спроведе експериментот, за да ги истражи границите на теизмот и да ги слушне аргументите на другата страна во вечната дебата.
Бел почнал да пишува и блог, кој го отвори со зборовите: „Во наредните 12 месеци ќе живеам како Господ да не постои.“
„Нема да се молам, ниту да ја читам Библијата, ниту да верувам дека Бог е создател на сѐ и да му се обраќам во надеж дека нешто ќе се промени. Убеден сум дека ако Бог навистина постои, тогаш нема да му пречи мојот експеримент и нема да дозволи поради него да страдаат други луѓе.“
Експериментот почнал катастрофално лошо. Добил отказ во двете христијански училишта во кои работел како наставник и имал сѐ помалку пари за одгледување на двете ќерки, кои се на возраст на 10 и 13 години. Но, наскоро добил нова работа како учител за едуцирање на бездомници, почнал да излегува и си нашол девојка.
Иронично, неговата девојка Ребека Прат е голем верник, но таа не му замерува на експериментирањето на Бел.
„Сакам да правам добри дела, но притоа не сакам ограничувања. Религијата сега ми изгледа како многу ограничена работа“, заклучува Бел.
Тој, постојано си го поставува прашањето: „Зошто религијата би му била потребна за да љуби некого?“Свештеникот на адвентистичката црква Рајан Бел (43), одлучи 2014 година да ја помине далеку од религијата, со цел подобро да го запознае атеизмот п

loading...
Loading...