Неверојатниот режисер, продуцент, писател, актер и експерт за боречки вештини, иако почина на само 33 години, зад себе остави многу. Еве 11 негови легендарни цитати за подобар и посреќен живот.
1. Целта не е секогаш нешто што мораме да го постигнеме по секоја цена, туку често ни служи како нешто кон кое треба непрекинато да тежнееме.
2. Сте забележале ли некогаш дека најцврстите стебла се кршат секогаш први, додека оние како врбата или бамбусот преживуваат нишајќи се на ветрот.
3. Ако го сакате животот, немојте никогаш залудно да го трошите времето бидејќи тоа е нишка во која е вткаен сечиј живот.
4. Доколку успеете да пронајдете начин да им помогнете на другите во решавање на проблемите, а истовремено ја следите својата страст, сте ја пронашле најважната формула за исполнет живот.
5. Не се оптеретувајте со тоа кој е прав а кој крив или кој е подобар од другиот. Ако нешто ви пречи, делувајте и променете го.
6. Не се плашам од човек кој еднаш извежбал 10,000 удари, туку од оној кој извежбал 1 удар 10,000 пати.
7. Порано или подоцна во животот ни кажуваат дека нема да успееме. Она по кое се разликуваат големите од малите луѓе е тоа кога им било најтешко и покрај сите препреки истрајале.
8. Поедноставете си го животот и отстранете го она што е неважно. Едноставноста е клучот на животот.
9. Слушајте го своето срце кога барате искрен совет. Тоа е вашиот најдобар сопатник.
10. Не е доволно само да знаете, морате и да применувате. Не е доволно само да сакате, треба и да направите.
11. Се што работите се одразува на вашето его. Всушност тоа е причината поради која не сакате да ги менувате лошите навики, убедувајќи се дека така ви е поудобно, попријатно и побезбедно.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Неверојатниот режисер, продуцент, писател, актер и експерт за боречки вештини, иако почина на само 33 години, зад себе