Животни совети на Алберт Ајнштајн

Тешко е да се дефинира што значи да се биде генијалец, но Алберт Ајнштајн е оној кој сигурно спаѓа во нив. Неговото име е синоним за генијалец, па дури и во смисла на стереотипите кои се врзани со надарените луѓе.Неговата научна работа и јавното дејствување имале огромно влијание на науката, технологијата, но и на општеството во дваесеттиот век. Затоа, ви нудиме десет совети што можат да влијаат на вашиот живот, а инспирирани се од мислите на еден од најголемите и најинтересните умови во историјата на човештвото.
-Верувај во својот сон. Ајнштајн: „Фантазијата е поважна од знаењето“.
-Верувај на својот инстинкт. Ајнштајн: „Единствената вредна работа е интуицијата“.
-Размислувај надвор од рамката. Ајнштајн: „Единствената работа која му пречи на моето учење е моето образование“.
-Сочувствувајте со другите. Ајнштајн: „Личноста почнува да живее тогаш кога ќе научи да живее отворено“.
-Концентрирајте се на сегашноста. Ајнштајн: „Никогаш не размислувам на иднината. И онака таа доаѓа набрзо.

-Слободно грешете се додека не успеете. Ајнштајн: „Сите оние кои никогаш не згрешиле, не се ни обиделе да пробаат нешто ново“.
-Бидете отворени за сите можности. Ајнштајн: „Многу е важно никогаш да не престанете да се сомневате и преиспитувате. Љубопитноста има своја причина што постои“.
-Сменете го начинот на размислување. Ајнштајн: „Не можеме да ги решаваме проблемите ако размислуваме на ист начин како тогаш кога сме ги создале.
-Престанете да се плашите. Ајнштајн: Стравот од смртта е најнеоправданиот страв, бидејќи не постои ризик од несреќа за некој кој веќе е мртов“.
-Верувај во нешто поважно и поголемо и од самиот себе. Ајнштајн: „Најубавата работа која можеме да ја искусиме е мистериозноста. Таа е извор на вистинската и искрена уметност и на севкупната наука. Оној кој не го познава тоа чувство, и кој веќе не застанува да се запраша или да се воодушеви, неговите очи навистина се затворени“.Неговата научна работа и јавното дејствување имале огромно влијание на науката, технологијата, но и на општеството во дваесеттиот век. Затоа, ви ну

Пронајдете не на следниве мрежи: