Менди никогаш не ја заборавила својата љубов од тинејџерските години. После 30 години се одлучила да го побара на Фејсбук.Менди Асфорт(48) и Бери Моат(50) се забавувале една недела кога биле тинејџери, а нивната кратка врска прекинала откако Бери одлучил да не се појави на состанокот.
Менди никогаш не го заборавила, па 30 години подоцна се одлучила да го побара на Фејсбук. Сега подготвуваат сведба.
Летото 1982 година Медни и Бери ќе го паметат како најважниот период во својот период. Тогаш се запознале на одмор и биле неразделни една недела, но откако се вратиле Бери решил да и стави крај на летната романса.
Едноставно не се појавил на автобуската станица во договореното време, што и го скршило срцето на 17-годишната девојка. Немал нејзина адреса па не можел да ја побара дури и да сака.
-По прекрасната недела која ја поминавме заедно, ме испрати и се договоривме да се најдеме на станциа. Чекав 2 часа но не се појави. Срцето ми беше скршено.-вели Менди.
Таа неколку години се обидувала да го пронајде.
По 30 години таа успеала да го најде. Бери ја прифатил нејзината понуда за пријателство, мислејќи дека е заинтересирана за неговиот бизнис.
-Ми испрати порака и тогаш започнавме да се допишуваме. Брзо сфативме дека сакаме да бидеме заедно. Но и понатаму не можам да се сетам зошто не се појавив на состанокот-вели Бери.
Парот се верил 18 месеци по првиот контакт на Фејсбук, а свадбата е закажана за на лето. Менди која има пет деца од претходниот брак вели:
-Нашата приказна покажува дека никогаш не е касно да се пронајде вистинската љубов.Менди Асфорт(48) и Бери Моат(50) се забавувале една недела кога биле тинејџери, а нивната кратка врска прекинала откако Бери



