„Животот е комбинација од магија и добра храна.“ А тоа го има во ресторанот Бакал

„Животот е комбинација од магија и добра храна.“  А тоа го има во ресторанот  БакалСакате да избегате од напорното секојдневие. Само на 15 минути од Скопје во  тетовското село Брвеница е сместен ресторанот Бакал. Целиот простор нуди  максимална интимност, комплетно одделен од се друго надвор, црвени ливчиња  на фотинии, раззелените липи, расцветени хортензии, и други растенија и  цвеќиња од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен  впечаток и волшебно чувство. Како да се наоѓате во ботаничка градина на некој  голем западно европски град, или како да гледате пред себе уникатна јапонска  градина. Не е случајно зошто младоженците овде доаѓаат да направат  свадбени фотографии, а професорите од земјоделски факултет отсек хортикултура ги носат  своите студенти за да им покажат нешто ново. Амбиентот е надополнет со  вештачко езерце од кое се слуша жуборот на водата, кој дава посебен спокој. Од  сите страни во комплексот се простира зеленило и  хармонија од бои од убавите  растенија. Специфични се мирисите на лаванда и алисиум кои максимално ќе ве  опуштат. Ако сте имале напорен ден, нема подобро место за одмор и релаксација.

Бакал е вистинско место за уживање за љубителите на убавите градини,  на  убавите ентериери и секако на добрата храна, која овде е прекрасна и може да ги задоволи и оние најпребирливите. Персоналот е многу љубезен несвојствено  за македонски стандарди. Тие ќе ви посакаат добредојде и ќе ве воведат во  магијата која се создава во кујната на ресторанот Бакал. Ако сте вистински гурман  и љубител на добрата храна тогаш ги имате сите предуслови за моменти на кои  долго ќе се сеќавате. А од таму ни се нудат неверојатно вкусните јадења  подгорче, капама, ѓомлек, но и свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба кои  секој ден ги има на мени, величествениот татар бифтек и разни други домашни и  интернационални јадења. Посетата на Бакал е одлична можност за да оставите  впечаток кај вашиот бизнис партнер, или да ги наградите своите вработени. Со  време резервирајте си маса на телефонот 070/28 38 45. „Животот е краток за да не уживаме во него“.Сакате да избегате од напорното секојдневие. Само на 15 минути од Скопје во  тетовското село Брвеница е сместен ресторанот Бакал. Целиот

Пронајдете не на следниве мрежи: