Клер Еванс (24) од Њупорт не ни претпоставувала дека е во блаѓена состојба кога отишла на лекар поради болки во стомакот. Докторите мислеле дека има инфекција на бубрезите, но штом влегла во ординацијата – и пукнал водењакот. Таа родила здраво момче и тврди дека воопшто не знаела дека е бремена.- На телефон ми рекоа дека се сомневаат дека имам инфекција на бубрезите, и ме советуваа да дојдам подоцна истиот ден. Кога дојдов во ординацијата имав големи болки, но бидејќи мислеа дека станува збор за бубрезите ми побараа примерок од урина. Но кога отидов во тоалетот ми пукна водењакот, – се присетува оваа млада мајка.
После тоа докторите веднаш и помогнале и ја однеле во ординацијата. После прегледот лекарите и рекле дека е отворена 9 сантиметри и дека веќе може да се види главата на бебето.
– Бев шокирана, им реков дека не знаев дека сум бремена. Мојот жевот се промени тогаш и таму во една секунда. Немав никакви знакови на бременост, немав мачнини ниту пак голем стомак, раскажува Клер.
Таа вели дека буквално првите знаци за бременост биле биле болките кои ги добила тоа утро. Иако докторите веднаш повикале бабица и брза помош, контракциите на Клер биле толку близу, што немало време за транспорт до болница.
Бебето е родено за 30 минути, без никакви аналгетици. И мајката и бебето веднаш се прегледани и заклучено е дека се здрави при што биле пуштени на дома.
– Го обожавам мајчинството, иако не го очекував ова, ништо не би менувала – искрено говори Клер на која ова и е прво дете. – На телефон ми рекоа дека се сомневаат дека имам инфекција на бубрезите, и ме советуваа да дојдам подоцна истиот ден. Кога дојдов во ординацијата



