Димитрија Чуповски (Папрадиште, Велешко, 8 ноември, 1878 – Ленинград, СССР, 29 октомври, 1940) бил македонски национален деец, општественик, револуционер, политичар, дипломат, публицист, научник, издавач, историчар, картограф и филолог и еден од најистакнатите и најдоследни организатори и афирматори на македонската национална мисла. Чуповски е силен заштитник и бранител на македонската национална самобитност и посебност, а по поделбата на Македонија во 1913 година, силно се залагал за нејзино обединување и конституирање како национална држава на македонскиот народ. Познат и како Димитрија Павле Чуповски или Димитрија Димов Чуповски.Чуповски бил член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), член-основач и претседател на Словеномакедонското национално-просветно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1912–1913), член-основач на Руско-македонското благотворно друштво „Св. Кирил и Методиј“ (1913–1914) и член-основач и претседател на Македонскиот револуционерен комитет во Петроград (1917–1924), но и потпретседател на Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија (1915) и редовен член на Санкт-петербуршкото словенско благотворно друштво, на Друштвото за словенска заемност и на други руски асоцијации.
Со самиот почеток на реализацијата на остварувањето на овие зацртани определби, Чуповски и Попарсов заминуваат за Лондон и Париз. Таму тој ги создава своите статии за македонската државност и за завојувачкиот карактер на војната. Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик – „Карта Македониіа“. Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници“ во март 1913 година и „Меморандум на Македонците“ на 1 март 1913 година. Сите три, Чуповски ги испраќа до Лондонската конференција и до рускиот печат за подобро запознавање со македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На 7 јуни бил потпишан и „Меморандумот на Македонците“ кој пак бил испратен до владите на балканските држави, додека пак на 9 јуни 1913 година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на руски јазик „Македонски Глас“. Ова списание со 11 броја кое излегувало од 20 ноември 1914 година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.
Пoкрај сите овие дејности кои ги организирале Чуповски и МЛНД, тие заедно со Крсте Петков Мисирков како заеднички акт од Петроградската и Јужноруската колонија поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи на 14 август 1914 година. Заедно со Наце Димов и Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија тие организираат и Словенски лазарет за ранетите руски воини во 1915 година.
Следната 1916 година Чуповски се обидува да дојде во Македонија, но тој обид завршува на романската граница. Во текот на истата година но во наредната 1917 година пропаѓаат и обидите за создавање на Балканска Федеративна Демократска Република, зацртан план на Македонскиот револуционерен комитет, кој пак бил задушен од самата Октомвриска револуција во Русија во 1917 година.
Обидите на Чуповски и понатака да придонесува за судбината на својот народ и татковина не запираат, па така тој започнал со подготовките да создаде македонско-руски речник. Исто така, Чуповски во ракопис имал и лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Сите овие последни дела на Чуповски се засекогаш изгубени при бомбардирањето на Ленинград во 1942 година.
Чуповски бил член-основач и претседател на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (1902–1917), член-основач и претседа