Христо Димитров Узунов или Дуле Узунов (Охрид, 22 февруари 1878 – Цер, 24 април 1905) бил македонски учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. Загинал со четата опколен од турска војска.По завршувањето на основното училиште во Охрид, учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во 1894-1895. Таму бил привлечен кон идеите на Македонската револуционерна организација од страна на Даме Груев и раководел со училишниот бунт од 1896 година.
Потоа е учител во Охрид. На 5 август 1898 година Методи Патчев, со помош на Христо Узунов и Кирил Прличев, синот на Григор Прличев, во центарот на Охрид го ликвидирал србоманот Димитар Грданов. Христо Узунов, заедно со истомислениците бил уапсен и лежи 9 месеци во затвор. Во периодот помеѓу јануари 1902 година – март 1903 година е повторно затворен во Битолскиот затвор. По излегувањето од затвор го зазема местото на штотуку убиениот охридски војвода Тома Давидов.
Благодарејќи токму на него, за Битолскиот востанички реон во текот на Илинденското востание се знае многу повеќе отколку за другите востанички области. Тој запишувал сѐ, го бележел името на секој загинат востаник, на секој убиен селанец, на секој предавник кого организацијата го осудувала на смрт. Денес се познати имињата на сите 478 лица од охридско-струшки крај кои загинале во востанието. За големата посветеност на македонското дело на Христо Узунов зборува и неговата средба со селаните од село Куратица, веднаш по трагичниот крај на востанието:
„Браќа, сонце сакавме, а ни искра не добивме. Нашата земја се натопи со пепел и крв, и за сѐ знаете, јас сум виновен. Еве ви се предавам, убијте ме, предајте ме, што сакате правете со мене..“
Тој и 11 востаници се самоубиле во село Цер, 24 април, 1905 година.По завршувањето на основното училиште во Охрид, учи во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ во 1894-1895. Таму бил привлече