Катерина Илиќ (21), студентката која пред три месеци со својот потресе статус на Фејсбук ја расплака Србија, почина во својот дом во Крушевац.- Преку ноќ животот ми се претвори во пекол. Од обична, нормална и здрава личност, станав личност која е окружена со лекови, болници, лажни надежи, личност која се бори за она највредното – ЖИВОТОТ. Јас не сакам да ги оставам луѓето кои ги сакам, бидејќи сакам да живеам. Времето е мојот најголем непријател… Се плашам да не задоцнам. Не сум подготвена да ги оставам луѓето кои ги сакам, напишала тогаш Катерина која ја потресе цела Србија.
Првите мачнини Катерина ги почувствувала во септември 2014 година. Се пожалила на болки во пределот на стомакот и градниот кош, а лекарите ѝ рекле дека има вишок воздух во цревата и да одбегнува газирани пијалоци и зачинета храна.
Минатата година во март добила температура, често повраќала, а резултатите покажале дека има покачување на седиментација. На ултразвукот се покажало дека на црниот дроб има некое страно тело во големина на машка рака па веднаш ја пратиле на операција во Белград каде е дијагностициран редок тумор. Во мај ѝ е направена емболизација ТАСЕ, но без ефект. Месец дена по интервензијата не можела повеќе да се крене.
По неуспешното лекување во Белград, Катерина преминала на понатамошен третман во Ниш. Таму се обиделе да ѝ вградат уште една емболизација и ѝ препорачале уште лекови кои се даваат на пациентите во последниот стадиом од болеста.
За жал, лекувањето не вродило со плод и животот на Катерина прерано згасна.- Преку ноќ животот ми се претвори во пекол. Од обична, нормална и здрава личност, станав личност која е окружена со лекови, болници, лажни надежи,