„Животот на Пи“ на којшто работеше македонската FX3X доби Оскар за визуелни ефекти

Филмот „Животот на Пи“, на кој што работеше македонското студио за визуелни ефекти FX3X,синоќа доби Оскар за визуелни ефекти.Во категоријата за филм со најдобри визуелни ефекти беа номинирани „Животот на Пи“, „Снежана и ловецот“, „Прометеј“, „Одмаздници“ и „Хобитот: Неочекувано патување“. Од номинираните филмови за најдобри визуелни ефекти FX3X работеше на три филма, „Животот на Пи“, „Прометеј“ и „Одмаздници“.FX3X беше дел од тимот на MPC Technicolor од Лондон со која што работеа на победничкиот филм, „Животот на Пи“ и филмот „Прометеј“.”Оскарот кој го доби Животот на Пи за нас претставува валоризирање на нашата работа со највисокото признание во нашата индустрија. Иако ние, како дел од тимот на MPC Technicolor, сме само еден дел од сè она што се работеше на филмот, сепак сме горди на својата работа, а особено сме горди што тој врвен квалитет се постигнува овде во Македонија, целата наша работа се изведува овде. Се гордеам со нашиот тим, нашата стратегија за креирање на кадар за артисти за визуелни ефекти во Македонија, наспроти можноста да донесеме звучни имиња од надвор, се покажа како одлична. Ние работиме на тоа звучните имиња да ги креираме овде, во редовите на нашиот тим” , изјави Кристијан Даниловски, ко-основач и ко-сопственик на FX3X, директор за развој и извршен продуцент.„Животот на Пи”, филм кој ги помести границите во 3Д технологијата, во чија изработка учествуваше и тимот на FX3X, работејќи на сцените од бурата.Филмот е адаптација на мегахит романот на Јан Мартел со истоимениот наслов, изводлива единствено во изведба на режисерот Анг Ли кој досега двапати е наградуван со Оскар.Според фaбулата на романот, во раните 70ти години, младиот Пи Пател и неговото семејство ја напуштаат Индија и заминуваат за Канада во потрага по нов почеток. Таткото на Пи е чувар во зоолошката градина, па тие патуваат со животните кои планираат да ги продадат за да создадат капитал за својот нов почеток. Но, по една страшна бура, бродот потонува и Пи одеднаш се наоѓа сам опколен со вода со раздразливиот тигар Ричард Паркер.Македонската компанија работеше и на филмот „Клетници“, којшто беше номиниран во категоријата најдобар филм.
МакфаксФилмот „Животот на Пи“, на кој што работеше македонското студио за визуелни ефекти FX3X,синоќа доби Оскар

Пронајдете не на следниве мрежи: