Златен даб е првото македонско пиво што учествува на Карловачките денови на пиво. Над 200 илјади посетители има секоја година на овој фестивал на пивото што се одржува од 30ти август до 8ми септември.„Ова е одлична можност за презентирање на најдоброто македонско пиво во Хрватска. Новиот Златен даб е одлично примен како нов производ со светски квалитет. Со ваков тип на презентација се отвора можноста за извоз во Хрватска на пазар каде конкуренцијата е голема. Оваа манифестација е доста значајна поради големиот одѕив на љубителите на пиво од регионот “, изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница.
Прилеп (29.08.2013) – Златен даб е првото македонско пиво што учествува на Карловачките денови на пиво. Над 200 илјади посетители има секоја година на овој фестивал на пивото што се одржува од 30ти август до 8ми септември.
„Ова е одлична можност за презентирање на најдоброто македонско пиво во Хрватска. Новиот Златен даб е одлично примен како нов производ со светски квалитет. Со ваков тип на презентација се отвора можноста за извоз во Хрватска на пазар каде конкуренцијата е голема. Оваа манифестација е доста значајна поради големиот одѕив на љубителите на пиво од регионот “, изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница.
Деновите на пиво во Карловец се поинакви од случувањата во другите региони. Овој фестивал е посветен само на пивото – се организираат стенд ап комедии, квизови и други наградни игри со тематика пиво. Сето тоа е придружено со концерти со народна, забавна, рок музика. Фестивалот постои од 1984 година и се одржува на плоштадот во Карловец каде започнува со свечена поворка на запрежни коли со пивски бочви. Овој фестивал е најстар пивски фестивал на Балканот и воедно најголема пиварска манифестација во Хрватска. Оваа година Македонија е земја партнер на оваа манифестација.
Златен даб пред неколку месеци е со нов изглед и квалитет. Целосниот редизјан и постојаното вложување во квалитетот на производот се покажа како вистински чекор за љубителите на пиво. Зеленото шише лесно за држење во рака, транспарентната етикета и новото капаче ,,ринг пул” каде пивото лесно се отвора, се промени кои му овозможуваат на Златен даб освојување на нови пазари.„Ова е одлична можност за презентирање на најдоброто македонско пиво во Хрватска. Новиот Златен даб е одлично примен како нов производ с