Златен Даб со интерактивна реклама за сите фанови на пивото и фудбалот!

Нова интегрирања кампања на Златен ДабПосветена на софистицирана комуникација соодветна на брендовите со кои работи, Прилепска Пиварница со задоволство ја претстави најновата рекламна кампања за својот носечки бренд Златен Даб. Она што оваа година го направи Даб за своите корисници е нешто што долго ќе се зборува.
Изградена врз основа на долготрајно истражување, како и детални анализи на пазарот и навиките на потрошувачите, новата интегрирана кампања на Златен Даб се надоврзува на веќе започнатата комуникациска платформа “Овој Даб е за тебе”. Оваа година, стратегијата е во фаза во која фокусот кон корисникот е доведен на повисоко комуникациско ниво, користејќи иновативен и храбар начин за рекламирање кој е прв од ваков вид во Македонија. Со цел да им се заблагодари на своите фанови за нивната посветеност кон брендот, како и да им приреди посебно изненадување во пресрет на Светското фудбалско првенство, Даб овој пат директно го инволвира корисникот во наративот, овозможувајќи секој да креира своја приказна. Кампањата е директно поврзана со веб страницата www.mostwanted.mk и како таква е развиена да функционира низ повеќе комуникациски канали со цел да креира комплетно интерактивно искуство. Со третман на фановите како вистинските ѕвезди на брендот, пораката на кампањата “Овој Даб е за тебе” во преден план го става токму корисникот. За Златен Даб, фановите на фудбалот и конзументите на пиво се вистинските ѕвезди и херои кои заслужуваат светска популарност,  и затоа овој Даб е за сите нив ! 
Со возбудлива динамика на нарација рекламата ќе ги предизвика гледачите и ќе им понуди визуелно искуство што долго ќе се памети.
Овој Даб е за тебе! Посветена на софистицирана комуникација соодветна на брендовите со кои работи, Прилепска Пиварница со задоволство ја претстави најновата рекламна к

Пронајдете не на следниве мрежи: