Инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа презедоа предистражни мерки и активности и утврдено е дека осомничениот златниот накит го купил од Италија каде привремено живее и работи, по цена од 20 евра за еден грам.Царинските службеници од граничен премин Табановце, завчера (31.01.2018 година), спречија обид за нелегално внесување на златен накит вреден околу 30 илјади евра.
Имено, на 31 јануари 2018 годинa, на граничен премин Табановце, царинските службеници извршиле претрес на лицето Т.М. – македонски државјанин пријавен за влез во Република Македонија. При претресот, во предниот лев и десен џеб од јакната која лицето ја носело на себе, царинските службеници пронајдоа непријавен златен накит (употребуван), две лири и употребуван рачен часовник ROLEX-TUDOR, завиткани и врзани во чорапи. Според првичното вештачење, вредноста на златниот накит се проценува на над 29 илјади евра.
Инспектори од Одделението за истраги при Царинска управа презедоа предистражни мерки и активности и утврдено е дека осомничениот златниот накит го купил од Италија каде привремено живее и работи, по цена од 20 евра за еден грам.
Против осомничениот до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Криумчарење“. Осомничениот е предаден на судија на претходна постапка во ОС Куманово каде му е изречена мерка претпазливост – одземање на патна исправа.
Од Царина известуваат и за успешно пресечен меѓународен канал на шверц со наркотична дрога – марихуана.
Царинската управа на Република Македонија, преку размена на информации со грчките царински власти, успеа да пресече меѓународен канал на шверц со наркотична дрога – марихуана од Грција преку балканските земји до земјите од западна Европа, поврзан со заплената на 300 килограми марихуана шверцувана во вреќи со ориз, која во неделата на 28.01.2018 година беше запленета на влез во Р.Македонија на граничниот премин Богородица.
Во средата на 31.01.2018 година, властите на Република Грција, по добиените сознанија од страна на Царинската служба на Република Македонија, извршија преглед во магацин за складирање на стока, лоциран во пристаништето Неа Перамос, западно од Атина, при што запленија околу половина тон наркотична дрога – марихуана сокриена во вреќи со ориз наменети за Холандија.
Дека станува збор за организирана група или банда која се занимава со меѓународен шверц на наркотични дроги укажува и фактот што местото на утовар, начинот на пакување, големината и формата на опаковките и користењето на вреќите со ориз како средство за шверцување на марихуаната запленета на територија на Република Грција се идентични со начинот на пакување, големината и формата на опаковките како и употребата на вреќи со ориз заради прикривање на дрогата запленета на територија на Република Македонија.Царинските службеници од граничен премин Табановце, завчера (31.01.2018 година), спречија обид за нелегално внесување на златен накит вреден околу