Дефанзивецот на Вардар, Златко Таневски во интервју за „НоваМакедонија“ вели дека тимот на Вардар е максимално подготвен за двомечот со романска Стеауа.
„Добро сме подготвени психофизички за ова искушение. Свесни сме дека не очекува тежок натпревар, силен противник, но ние секако нема да клекнеме на колека, ќе дадеме се од себе на теренот“ вели дефанзивецот на македонскиот шампион, Златко Таневски.
Таневски додава дека Стеауа го отпишала Вардар и дека на нашиот шампион гледа кон потценување, но тој предупредува дека фудбалот е непредвидлив и дека се е можно.
„Тоа што не отпишуваат и на нас гледаат со потценување, може да биде голема добивка за нас. Фудбалот е непредвидлив, тоа досега безбројпати се покажало“ изјави Таневски за „НоваМакедонија“.
Извор/Фото/Изјава: „НоваМакедонија“Дефанзивецот на Вардар, Златко Таневски во интервју за „НоваМакедонија“ вели дека тимот на Вардар е максим