Директорот на државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) Игор Златков попладнево учествуваше на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Единствени кои што се вистински партнер на земјоделците“.-Над милијарда 180 милиони евра се исплатени од 2006-2016 година, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека 160 милиони евра се обезбедуваат секоја година за субвенционирање на земјоделски производи, односно директни плаќање, вели Златков.
Директорот посочи низа мерки кои се воведени со цел финансиска помош на земјоделците и сточарите.
-Ско земете само за споредба дека Република Естонија повикот трае само седум дена за ИПАРД, во Македонија трае 60 дена. Тоа е направено со цел да можат земјоделците да имаат поголем временски период за да аплицираат, да се одлучат и да соберат потребна документација. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ најавивме дека ќе имаме набавка на системите за наводнување капка по капка и набавка на расни грла на добиток со повраток на инвестиција до 80 проценти. По ова може да се види грижата која сме ја имале до земјоделците, посочи Златков.
Тој и препорача на новата влада дека би било добро да ги следат чекорите кои досега ги правеле, но и одлично доколку успеат да се доближат чекор до нив и нивната работа.-Над милијарда 180 милиони евра се исплатени од 2006-2016 година, а во програмата на ВМРО-ДПМНЕ стои дека 160 милиони евра се обезбедуваат секоја г