Златна грозница:Се бара богатство вредно 50 милијарди долари

Археолозите во Индија денес започнаа со потрагата по закопаното богатство под една тврдина од 19-ти век, бидејќи хиндуистичкиот верски лидер објави дека поранешниот крал му ја открил точната локација на тајното складиште.
 Свами Шобан Саркар изјавидека во прашање се илјада тони злато, вредно околу 50 милијарди американски долари, се наоѓа под тврдината на кралот Рао Рам Бакш Синг во државата Утар Прадеш. Неговите приврзаници тврдат дека во таа област неодамна се пронајдени златни и сребрени предмети од огромна вредност.
Судијата Виџај Каран Ананд изјави дека истражувањето на подземјето укажало на постоење на тешки метали, за кои се сомнева дека се злато, сребро или други скапоцени и вредни камења.
Еден од кралевите, жив наследник на Навчади Вер Пратап Синг изјави дека го очекува својот дел од богатството, додека официјалниот Утар Прадеш, една од најсиромашните држави во Индија, изјави дека богатството би требало да се искористи за локален развој.
Кралот Рао Рам Бакш Синг го обесиле британските колонијални власти во 1857-ма година поради едно востание.
 Извор:think.mkСвами Шобан Саркар изјавидека во прашање се илјада тони злато, вредно околу 50 милијарди американски долари, се наоѓа

Пронајдете не на следниве мрежи: