Златната мечка на Берлиналето за романскиот „Позата на ембрионот“

Најдобар филм на годинешното 63-то издание на Берлинскиот филмски фестивал и добитник на Златната мечка е романскиот филм „Pozitia Copilului“ (Позата на ембрионот) на режисерот Калин Петер Нецер, а филмот на босанскиот режисер Дабис Тановиќ „Епизода во животот на берачите на железо“ е добитник на две Сребрени мечки, Големата награда на жирито и за најдобра машка главна улога.
Филмот на српскиот режисер Срѓан Голубовиќ „Кругови“, е добитник на годинешната награда на екуменското жири на Филмскиот фестивал во Берлина, чија главна програма заврши во саботата навечер со доделувањето на наградите.
Првонаградената филмска драма „Позицијата на ембрионот“ ја има за тема класната поделеност во современа Романија, низ приказната за доминантната мајка, која ја толкува Луминита Ѓеорѓиу, која ја користи својата општествена позиција да го спаси синот од затвор.
Продуцентот на филмот Ада Соломон истакна дека овој филм не е само доминантата жена, туку е направен главно преку напорите на женските активистки. Таа, исто така, им се заблагодари на организаторите на Берлинскиот филмски фестивал за то ашто го поддржуваат артхаус филмот и не дозволуваат тој да биде уништен од страна на „цензурата на комерцијални филмови.”
Додека романскиот филм и пред фестивалот беше сметан за еден од фаворитите, изненадувањето на Берлиналето беше режисерот од Босна и Херцеговина, оскаровецот Данис Тановиќ, кој освои две Сребрени мечки со нискобуџетниот филм снимен со натуршчици.
„Се надевам дека еднаш ќе дојдам на Белриналето со малку повесела тема“, изјави Тановиќ по примањето на Сребрената мечка, големата награда на жирито за неговиот  филм „Епизода во животот на берачите на железо“ во кој се зборува за тешката соијална ситуација на Ромите во Босна и Херецеговина.
Филмот е снимен за само 17 илјади евра и е реализиран во копродукција на куќи од БиХ, Франција и Словенија, а опишува вистински настан од крајот на 2011 година кога на една жена во централна Босна ѝ е одбиена лекарска помош поради тоа што семејството не било социјално осигурено. Во филмот ромското семејство се глуми самото себеси.
Овој филм забележа уште еден голем успех на Берлиналето, освојувајќи ја Сребрената мечка за најдобра главна машка ролја која му е доделена на натуршчикот Назиф Мујиќ.
„Ова е првпат да сум на еден ваков фестивал. Би сакал да им се заблагодарам на својата жена и на децата и на мојот добар пријател Данис Тановиќ“, изјави Мујиќ во обраќањето пред публиката на свеченоста на доделувањето на наградите. Покрај него, главната женска улога во филмот ја толкува неговата сопруга Сенада Алимановиќ.
Српскиот филм „Кругови“, кој пред извесно време на американскиот фестивал на нускобуџетни филмови Санденс ја доби специјалната награда на жирито, е еден од добитниците на наградите на екуменското жири. Режисерот Срѓан Голубовиќ рече дека е „многу среќен што мојот филм ја одби оваа награда, особено затоа што е прикажан во една од споредните програми на Берлиналето. Мислам дека ова е добра работа за филмот“, изјави српскиот режисер за хрватската агенција Hina по доделувањето на наградата. Инаку Хрватска во ова остварување учествува како копродуцент.
 Екуменското жири, составено од претставници на филмските организации на католичката и протестантската црква, им ја доделува наградата на филмските работници кои во своите филмови „го прикажуваат човечкото делување кои е во согласност со Евангелието“ и кои „ја зголемуваат чувствителноста за хумани и социјални вредности“ . Филмот „Кругови“ е инспирирана од случајот на Срѓан Алексиќ, Србин од Требиње, кого го убиле неговите соборци затоа што му помогнал на свој сограѓанин муслиман Ален Главовиќ.
Сребрената мечка за најдобра режија ја доби американскиот режисер Дејвид Гордон Грин за филмот „Принцот Авеланш“ а Сребрената мечка, Наградата Алфред Бауер за филм кој отвора нови перспективи му припадна на канадскиот режисер Денис Кот за филмот „Вик и Фло видоа мечка“.
Сребрената мечка за најдобра главна женска ролја ја доби актерката Паулина Гарсиа за филмот „Глориа“, на Чилеанката Себастијан Лелио. Гарсија отелотворува на екранот 58-годишна жена, која одамна е разведена, нејзините деца пораснале и таа сега се обидува да го живее својот живот – работи, оди на забави и излегува со мажи. Во еден од нејзините случајни познаници таа се вљубува и ги минува со него сите  фази на љубов кај возрасните, не толку убаво и романтично, но не и без нејзиниот шарм. Филмот на Лелио, исто така, ја освои награда на Екуменското жири.
Посебно жирито со кое годинава претседаваше познатиот режисер Вонг Кар-Ваји даде пофалба за филмот за црната самохрана мајка во „Бесот на Лејла“, на  Пиа Маре и филмот на Гус ван Сант „Ветената земја“.
 Сребрената мечка за најдобро сценарио ја доби Џафар Панахи за иранскиот фил „Навлечена завеса“. Панахи, исто така, е еден од  режисерите на овој филм.
Сребрената мечка за вонредно уметничко достигнување му е доделен на снимателот Азиз Жамбакиев за казахстанскиот фил, „Лекции по хармонија“.
Ова 63-то издание на Берлиналето завршува во недела, со денот резервиран за широката публика.
МакфаксНајдобар филм на годинешното 63-то издание на Берлинскиот филмски фестивал и добитник на Златната мечка е

Пронајдете не на следниве мрежи: