Тридневната манифестација „Златни Кратовски Денови“ изминативе години прерасна во квалитетен македонски бренд, традиција и летна музичка атракција. Истата продолжи и оваа година со совршената формула на квалитетна музика, незаборавна забава, бројни изненадувања и летно разладување. Оваа манифестација овозможи уникатно уживање за сите генерации кои имаа одлична можност да се опуштат со познатите хитови од големи македонски и балкански ѕвезди.Изминативе денови, започнувајќи од 8-ми јули, Кратово живееше во духот на македонските и балканските хитови што одекнуваа од самиот плоштад на градот на кулите и мостовите. Манифестацијата беше исполнета со богата музичка програма меѓу кои беа Бора и „Рибља чорба“, Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Кате од „Нели ти реков“, Круме Спасовски, етно групата „Монистра“, „Трио Гранде“, Пинк ѕвездички и секако познатите звуци на тамбурашите на Европскиот тамбурашки етно фестивал, кој ќе се одржи на сцената во склоп на „Златни кратовски денови 2016“. Атмосферата секако беше збогатена и со настапите на Влатко Илиевски, Тајзи и Спејко и Дани Димитровска. Додека пак, топлиот ден во недела беше оплеменет и загреан и со веселите звуци на „Златно славејче“, кои беа вистинско летно освежување и уживање за најмалите и воедно ја спуштија завесата на оваа прекрасна музичка манифестација што ги исполнуваше сите присутни со незаменлива позитивна енергија.
Атмосферата како и во изминатите години беше надополнета и со вечерни ДЈ забави на базен „Кратово“, каде што до раните утрински часови сите присутни се веселеа со најпознатите светски хитови.
„Манифестацијата „Златни Кратовски Денови“ од година на година преминува во традиција и вистинска летна сензација, каде што во сè поголем број се забележуваат посетители не само од Македонија, туку и од целиот Балкан. Овогодинешното издание на „Златни Кратовски Денови“ ги надмина нашите очекувања, каде што рекордната посетеност на ваквата манифестација се препознаваше и според преполнетите сместувачки капацитети што во текот на викендот го достигнаа својот максимум. Сметам дека сите посетители на ваквата манифестација си заминаа задоволни и со прекрасни спомени од изминатите денови. Според успешната реализација и на овогодинешната манифестација веќе длабоко сме уверени дека Кратово во иднина ќе прерасне во неизбежна дестинација за сите заинтересирани, каде што традиционално секоја година ќе се соединуваат различни музички звуци од секој жанр,“ изјавија организаторите на „Златни Кратовски Денови“.
И оваа година манифестацијата го задржи концептот да биде присутна една балканска ѕвезда на познатиот фестивал на забавата и музиката. На вистинско задоволство на македонската публика, главната вечер од манифестацијата беше исполнета и со познатите рок хитови на групата Рибља Чорба.
„Отсекогаш бескрајно сум уживал во енергијата и поврзаноста со македонската публика на концертите и баш затоа концертите во Македонија секогаш ми оставаат посебна трага во мојата долгогодишна музичка кариера и едвај чекам повторно да излезам на македонската сцена и да ја почувствувам адреналинската и уникатната енергија од публиката. Секогаш кога сум во Македонија го добивам она чувство на прифатеност и неверојатна гостопримливост, така што слободно можам да кажам дека Македонија претставува едно од местата каде што се чувствувам слободен и опкружен со постојана позитивна енергија. Изведбата на песните отсекогаш добивала посебно и уникатно значење пред македонската публика. Синоќешниот настап беше само уште еден доказ дека македонските фанови со отворени срца и распеана душа ги доживуваат како свои сите наши песни што претставува огромна чест и задоволство за секој музичар. Кратово со својата публика дефинитивно ме воодушевија. Имаше навистина убави песни од сите присутни ѕвезди и воедно, би ми претставувало голема чест доколку повторно би бил дел од оваа незаборавна атмосфера во текот на летниот период,“ вели фронтменот на рок групата Рибља Чорба, Бора Ѓорѓевиќ
Златните Денови во Кратово како настан веќе е прераснат во традиција кој од година во година постојано се усовршува и достигнува рекордна бројка на посетеност во еден мал, но значаен историски град како Кратово.Изминативе денови, започнувајќи од 8-ми јули, Кратово живееше во духот на македонските и балканските хитови што одекнуваа од самиот плошт