Златокоса синдром: Девојка за малку ќе умрела бидејќи ЈАДЕ САМО КОСА!

Хирурзите во Индија отстраниле 1,5 метри  долг сноп влакна од желудникот на една тинејџерка која била толку болна  што едвај можела да проголта  малку вода.Кавита Кумари (15) голтала влакна во  изминатите година дена. Нејзината зависност во почетокот не била толку драматична додека ја јадела сопствената коса, но почнала  да бара влакна на секаде и да ги јаде. Дури и на другарките на училиште им кубела влакна и ги јадела.
Во меѓувреме  изгубила интерес за храна така што  ја хранеле на сила, а се жалела на болки во стомакот и малаксаност.

Кога стигнала во болницата Утар Прадеш, докторите  во нејзиниот желудник откриле цврста маса долга метар и половина. Освен тоа, имала и лезии на желудникот и тенкото црево.
Доктор Бахадур Сидарт рекол дека не очекувал дека снопот ќе биде толку долг и дека за прв пат во својата долгогодишна кариера се среќава со  нешто такво. Откриено е дека Кавита има Златокоса синдром, кој е од психолошка природа и поради  кој имала потреба да јаде влакна.

Откако ги извадиле влакната од желудникот, Кавите закрепнува во болница и наскоро  ќе може повторно да јаде.
„Беше толку слаба што  мислевме дека нема да преживее уште еден ден. Не знаевме дека јде коса, иако во неколку наврати  и мене сакаше да ми искорне неколку влакна, но мислев дека го прави тоа од шала. Кога престана правилно да се храни и почна да се жали на болки во стомакот тогаш сериозно се загриживме. Благодарна сум им на докторите што ѝ го спасија животот“, рекла нејзината мајка.
Кавита Кумари (15) голтала влакна во  изминатите година дена. Нејзината зависност во почетокот не била толку драматична додека ја јадела сопст

Пронајдете не на следниве мрежи: