Без разлика на тоа колку многу се трудат, плус сајз жените сè уште се соочуваат со проблеми кога се обидуваат да се пробијат во светот на фитнесот. Еден спортски бренд неодамна ангажира модел кој сака да го промени тоа.Спортска академија одбра плус сајз Инстаграм модел, Ана О'Брајан како ново лице за нивната “БЦГ” линија, која произведува спортска облека за жени кои носат големина 3XL. Во текот на изминатите години О'Брајан се бореше со одржување на темпото за фитнес и ја обвинува анксиозноста која ја чувствувала поради недостатокот на облека за нејзината големина.
“Недостатокот на спортска облека достапна во сите големини е најголемата пречка за жените да станат физички активни”, напишаа таа на Инстаграм страницата на академијата.
Иако О'Брајан “растури” со новата фотосесија за спортска облека, не сите имаа убави зборови за тие фотографии.
Таа вели: “Чекав 25 години за да бидам физички активна. Следните 25 години ќе им помагам на луѓето да ја погледнат придобивката од физичката активност”.
И покрај нејзините напори некој одлучи да напише навистина злобен коментар за нејзината фотосесија. Но, академијата го возврати ударот кажувајќи: “Ние навистина веруваме дека секоја жена треба да има шанса да ужива носејќи спортска облека”.
Спортска академија одбра плус сајз Инстаграм модел, Ана О'Брајан како ново лице за нивната “БЦГ” линија, која произведува спортска облека за
Пронајдете не на следниве мрежи: