Било што и да се изгради во било кој сегмент како во градежништвото или во општеството, мора прво да се удрат темелите и да се посади коренот. Се гордеам со сите основачи, со сите членови на ВМРО-ДПМНЕ во тој период, кои што цврсто застанаа на нозе за да ја формираат партијата. Тоа беше многу тежок период да се формира и да се постави инфраструктурата, рече на трибината на ветераните Борис Змејковски, првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.-Живеевме во еден друг период кога самите луѓе не можеа да поверуваат дека се случи распадот, а нормално дека со појавувањето на ВМРО-ДПМНЕ, можеше сите да се легитимираат како симпатизери, односно како членови на партијата. Тие периоди беа тешки, а да не зборувам од финансиски аспект, но нашата емотивност и нашата заложба и завет од предците наши го проценивме моментот дека мораше да се основа партијата. И така тргнавме од град во град, од село во село, во партијата се зачленуваа само лица со вмровски соеви и ген, потенцира Борис Змејковски, првиот генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.
На почетокот никој не ни веруваше дека ќе упееме, но вложениет труд, заложба и завет од минатото од нашите предци ни даде за право да бидеме силни и да издржиме во тоа и за големо изненадување на сите во Македонија ВМРО-ДПМНЕ на првите избори победи, а тоа е одраз на добра организација и на голема желба и волја, изјави Змејковски.-Живеевме во еден друг период кога самите луѓе не можеа да поверуваат дека се случи распадот, а нормално дека со појавувањето на ВМРО-ДПМНЕ, можеше