Без разлика дали за родендени, годишнина или без повод, вие добивате подароци од вашиот сакан. Дали некогаш сте се запрашале што всушност тие значат?
1.Подароци со кои сака да ве разгали
Ако вашето момче ви подари сет за капење, интересни миризливи свеќички, парфем или нешто слично на тоа тогаш тој е на вистинскиот пат! Очигледно е дека му се важни вашите чувства и сака да ве разгали. Ако претходно не сте му ги кажале вашите желби тогаш тој добро ве познава.
2.Предмети за домаќинство
Ако момчето ви подари крпи за во кујна тогаш не го заслужува вашето внимание или очигледно нема вкус. Ако ви купи садови, соковник или некој друг препарат тогаш тоа значи дека сака жена домаќинка. Ако веќе подолго време сте во врска тогаш можеби ќе ве побара за жена, а ако тоа не е случајот тогаш партнерот најверојатно сака да живее со вас.
3.Накит
Кога момчето ќе ви подари накит, бидете сигурни дека имате посебно место во неговиот живот. Накитот не е воопшто ефтин поклон и ако го добиете ова од вашето момче верувајте дека е посветен на врската.
4. Цвет или чоколади
Ова е одличен подарок ако не го познавате доволно вашето момче. Овие подароци се обично чести во почетокот на врската , а тоа значи дека навистина му се допаѓате и сака да ве запознае подобро.
Без разлика дали за родендени, годишнина или без повод, вие добивате подароци од вашиот сакан. Дали некогаш сте