Дали мислите дека вие или некој што го познавате има проблем со коцката? Еве неколку индикатори што ќе ви помогнат да откриете дали игрите на среќа ви се проблем.Без разлика дали станува збор за зависност од спортска обложувалница или пак од казино, еве некои од симптомите дека сте „навлечени“ на овој порок:
-Лажење: Луѓето што имаат проблем со коцката генерално се обидуваат да го сокријат тоа. По некое време, ги лажат брачниот партнер, пошироката фамилија, колегите и пријателите.
-„Наскоро ќе ги вратам сите пари“: Некои зависници се обидуваат да ги вратат парите што ги изгубиле, тврдејќи дека ќе престанат со овој порок, веднаш откако ќе ги добијат големите пари. Но, тоа не се случува, и влегуваат во круг на се поголеми загуби.
-Позајмување на пари: Што прават патолошките коцкари кога ќе се најдат во тесно? –Позјмуваат. Тие позајмуваат пари од семејството, пријателите, колегите, па дури и од луѓе што не ги познаваат, и никогаш не признаваат која е вистинската причина за барањето заем.
-Секогаш ставаат повеќе пари на облогот: Исто како и наркоманите и алкохоличарите, и зависниците од коцкањето мораат да ја „зголемат дозата“ за да уживаат. За жал, ваквите кладби најчесто завршуваат со уште поголема загуба.
-Опсесија: Знаете дека сте опседнати кога не можете да престанете да мислите на минатиот пат кога сте се кладеле или коцкале, и фантазирате да отидете пак. Причината за повторно коцкање може да биде било каква, како и стратегијата за добивање на пари.
-Неможност да се престане: Многу од луѓето со овој проблем знаат дека не треба да го прават тоа, и сакаат да престанат. Постојано се обидуваат, но не можат да најдат сила за да го победат нагонот да играат.
-Коцкање од потреба: Кога се обидуваат да престанат, коцкарите имаат симптоми на „психолошко повлекување“. Исто како и симптомите на зависниците што се одвикнуваат од дрога и од алкохол, и зависниците од комарот можат да бидат нервозни, вознемирени и напнати ако не ја добијат својата „доза“.
-Коцкање за да заборават: Коцкарите играат за да го одвратат вниманието од реалноста што ги мачи, за да заборават на проблемите и да го намалат стресот. Играта за нив не е само забава, туку нешто што прави да се чувствуваат подобро и да избегаат од тоа што ги мачи. А потоа, тоа што ги мачи станува токму коцката.
-Крадење или измама: И покрај загубите, коцкарите-зависници продолжуваат да играат, и нивната финансиска состојба станува се полоша. Позајмувањето пари од луѓето околу нив веќе не е доволно. За да ја финансираат оваа скапа навика и да ги „решат“ проблемите со уште поголем облог, пристануваат на криминал и измамнички дела.
-Коцкањето им е најважното нешто на светот: Коцкарите можат да бидат толку зависни од играта и да се надеваат да добијат се назад, што запаѓаат во уште подлабоки финансиски, социјални и неволји на работен план. Коцкањето се одразува буквално на секоја сфера во нивниот живот, и ги става во ризик семејството, пријателствата, студиите, работата, и иднината.Без разлика дали станува збор за зависност од спортска обложувалница или пак од казино, еве некои од симптомите дека сте „навлечени“ на