Среќно сте заљубени, тој е фин, романтичен, добар кон вас и набрзо очекувате дека можеби ќе ве запроси. Но, сепак не се надевајте премногу, бидејќи сето тоа може да е само маска.
Еве ви неколку знаци кои покажуваат дека сепак нема намера да ве однесе пред олтар:
1. Ултра романтични излегувања
Одите на романтична вечера, во некој ресторан надвор од градот и си поминувате прекрасно. Но, кога ќе посакате да отидете во некој клуб или кафуле со вашите пријатели, него се нешто го боли глава, не му е добро и преферира да останете дома. Тоа е знак дека не сака да биде виден со вас во јавност. Тоа е прва причина која јасно кажува дека едноставно не ве гледа како девојка која би му била идна жена и ќе го помине остатокот од животот со вас.
2. Чудни телефонски разговори
Ако до вчера ви праќал по 10 смс пораки и по саат време сте разговарале на телефон, а денес сето тоа го нема треба да се запрашате што се случува. Додека вие седите дома и го мислите дали е добар и што прави, тој можеби е во прегратките на друга девојка. 3. Нешто недостасува во неговиот профил Доколку заприметите дека неговиот статус е тргант од неговиот профил, тогаш тоа можеби е знак дека се крие од поединци за кои не сака да дознаат дека е со вас во врска. Доколку се покаже дека тоа е вистина, подобро е да не се надевате дека во иднина ќе бидете во брак со тој човек.
4. Ви кажува дека сте сродни душиМожеби сте се вљубиле на прв поглед во него и се ви е совршено и на двајцата. Но, доколку веднаш почнува да ви кажува дека вие сте неговата сродна душа и почне доста често да го кажува тоа, верувајте дека колку и убаво да звучи сепак е само една навика и најверојатно не го мисли вистински. Ако почувствувате дека сепак е така, подобро е на време да се повлечете и да не очекувате дека ќе ве однесе пред олтар.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Среќно сте заљубени, тој е фин, романтичен, добар кон вас и набрзо очекувате дека можеби ќе ве запроси. Но, сепак не с