Има толку многу мали нешта што може да ги направите за да му помогнете на вашето здравје. Вишок, или недостаток на витамини, прави голема разлика во тоа како се чувствувате во текот на денот. Еве некои општи знаци дека ви недостасува некој од нив, како и начини да се справите со тоа, се надеваме дека ќе ви помогне да го решите проблемот.Ова се најчестите последици од недостаток на витамини.
1. Напукување на аглите на усната
На вашето тело му недостасува витамин Б (конкретно витамин Б2, Б3, и Б12) цинк и/или железо.
Треба да јадете повеќе лосос, јајца, риба, школки, морска храна за да му дадете на вашето тело поттик. Вегетаријанците може да се јадат леќа, мешункасти плодови, кикирики, сушени домати, сусам, и блитва.
Важна забелешка: Витаминот Ц треба да се зема со железо, со цел да се зголеми ефикасноста. Извори на витамин Ц има во брокула, зелка, карфиол, црвен пипер, итн.
2. Осип на кожата и губење на косата
На вашето тело му недостасува цинк, витамин Б7, Витамин А, Витамин Д, Витамин Е и витамин К.
Треба да јадете повеќе суво овошје, семки од тиква, интегрални житарки, млечни производи, авокадо, печурки, боровинки, и банана.
Важна забелешка: нивото на витаминот Б7 понекогаш негативно се рефлектира со јадењето на многу јајца. Протеините во јајцата не дозволуваат овој витамин да се апсорбира.
3. Акни на образите, рацете и горниот дел од нозете
На Вашето тело му недостига витамин А и витамин Д.
Треба да јадете помалку заситени и транс масти.
Треба да јадете повеќе риба, ленено семе, сушено овошје, бадеми, ореви, моркови, слатки компири, и црвени пиперки.
4. Горење, чешање, и вкочанетост во екстремитетите
На Вашето тело му недостига витамин Б (Б6, Б9 и Б12).
Треба да јадете повеќе аспарагус, спанаќ, зелен зеленчук, мешункасти плодови, јајца, и морска храна.
Важна забелешка: недостатокот на овие витамини може да влијае на нервните завршетоци во кожата. Покрај тоа, депресија, замор, исцрпеност, анемија и хормонална нерамнотежа, се прричина за истиот овој недостаток.
5. Грчеви и болки во нозете/стапалата
На Вашето тело му недостасува калиум, калциум, магнезиум и витамин Б.
Треба да јадете повеќе банани, лешници, бадеми, семки од тиква, цреши, јаболка, брокула, грејпфрут, зелка, глуварче, и спанаќ.
Важна забелешка: Овие нивоа се засегнати, кога се започнува со нов режим на вежбање. Не престанувајте со вежбањето туку, јадете повеќе од препорачаната храна.
Специфични симптоми од дефицитот на витамини
Недостаток на витамин А – Симптоми:
Замор
Намален вид навечер
Лоша кожа
Лоши заби и крварење на непцата
Недостаток на витамин Б – Симптоми:
Б1:
Несоница
Замор
Слабост во мускулите
Депресија со или без раздразливост
Губење на тежина
Проблеми со срцето и дигестивниот систем
Б2:
Иритација на очите
Мрсна кожа
Фистула во усната празнина
Осип и воспаленија
Б3:
Главоболки
Ниска енергија
Лош здив
Анксиозност
Чиреви, цревни проблеми, и слаб апетит
B5:
Жежење на нозете и стапалата
Грчеви
Замор
Необично отчукување на срцето
Повраќање
Несоница
Б6:
Несоница
Кожни проблеми
Губење на косата
Грчеви
Задржување на течности
Б12:
Замор
Дијареа
Депресија и / или анксиозност
Губење на апетитот
Воспаление во устата
Хормонална нерамнотежа
Недостаток на витамин Ц – Симптоми:
Бавно зараснување на рани и фрактури
Крварење од носот и непцата
Болки во зглобовите
Проблеми со варењето
Анемија и модринки
Недостаток на витамин Д – Симптоми
Слаби коски
Рахитис
Расипување на забите
Камен во бубрезите
Слабост во мускулите
Лоша апсорпција на калциум
Дефицит на витамин Е – Симптоми
Анемија
Анксиозност
Проблеми со плодноста
Лоши рефлекси
Тешкотија при движење и одржување на рамнотежа
Резиме и препораки
Ако сте загрижени за било кое ниво на недостаток од некој витамин , консултациите со вашиот лекар никогаш не се лоша идеја.
Статијата дава информации. Покрај тоа, се истакнува нашата исхрана треба да ја држиме до непреработената природната храна, за нашето ниво на витамини да не се осиромашува. Ова е причината и препорака зошто е најдобро да се балансираат нивото на витамини со јадење на вистинската храна, наместо купување додатоци за храна во пилула.Ова се најчестите последици од недостаток на витамини.
1. Напукување на аглите на усната
На вашето тело му недоста



