Знаците на внимание, не се само резервирани за денот на вљубените. Љубов и почит треба да покажете 365 дена во годината. Ви откриваме што жените ценат во машкото однесување, кои се тие мали знаци на внимание кои за нив значат бескрајно многу.
1. Исчистете по себе
Без оглед на тоа дали живеете заедно или не, жените ги ценат мажите кои се уредни и позади кои не треба да расчистуваат постојано.
2. Говорете за вашите чувства
На мажите често им се “лепи етикета” на затворени типови кога станува збор за емоциите. Но, никој не може да ги чита мисли, а жените навистина ги ценат мажите кои знаат како да покажат емоции и кои се доволно отворени и не се срамат да ги споделат со нив.
3. Брзо одговорете и на пораките
Мажите кои брзо одговараат на пораки, и не оставаат жената да чека, покажуваат дека нивната комуникација со неа е приоритет, иако вие сте на работа. Овој гест ка жените ќе предизвика насмевка на лицето.
4. Не го критикувајте нејзиниот избор на храна и пијалак
Заборавете ги речениците од типот „Дали ти навистина ќе го јадеш тоа“ или „Сигурна си дека тоа сакаш да пиеш?“ и никако немој да бидете ужаснати од нејзиниот избор на храна или пијалак, каков и да е.
5. Гледајте го она што таа сака да го гледа
Можеби не ви е грижа за новата хит серија, но го почитувајте го нејзиниот избор, па дури и со неа и да погледате по некоја епизода од досадната серија. Жените ќе го ценат тоа, и секако, следниот пат со задоволство ќе ви препуштат изборот за филм да биде ваш.
6. Згответе ручек
Иако повеќето жени, рака на срце, се уште готват повеќе од мажите, се поголем е бројот на мажи кои учествуваат во кујната и нивните партнерки често ги изненадуваат со ручек или вечера во нивна “режија”. Убав гест, кој веројатно жените ќе сакаат да има реприза.
7. Измасирајте ја
Без оглед на тоа дали жената имала напорен ден или не, масажата е убав гест, кој ќе и помогне да се релаксира, но исто така, и ќе ви помогне физички да се зближите повеќе. За оваа релаксација не ви потребен никаков изговор.
8. Организирајте заедничко излегување
Без разлика на тоа колку долго сте во врска, мажите кои знаат да ја изведат својата драга на вечера без никаков повод, заслужуваат почит. Секоја чест!
9. Што и да купувате купувајте дупло
Мажот кој ќе стане да се напие чаша вода, а при тоа ќе донесе и за неговата драга без таа да му рече, или пак маж кој купува весник наутро и воедно зема списание за жени за неговата поубава половина, ги заслужуваат сите пофалби. Мажот кој никогаш не се враќа со празни раце, дури и ако тоа е само обичен чипс, за да грицкате додека гледате некој филм заедно, таквите мажи се бесценети.
10. Внимателно слушајте
За мажите природно им е веднаш дирекно да се справат со проблемите, додека пак кога жената има некој проблем, и го споделува со вас, понекогаш само е доволно да ја сослушате, не мора веднаш да најдете решение.Ви откриваме што жените ценат во машкото однесување, кои се тие мали знаци на внимание кои за нив значат бескрајно многу.