Иако ракот на белите дробови е еден од најчестите тумори, многу луѓе не знаат многу за тоа. Ракот на белите дробови е задолжен за смртта на 30% од населението во САД. Факторите од околината и генетските предиспозиции придонесуваат за развој на ракот, но пушењето на цигари е еден од најголемите фактори.Ракот на белите дробови е агресивен и опасен, особено, бидејќи симптомите не се појавуваат додека ракот не е во развиена фаза. Но, има некои симптоми од раните фази, за да можете да се лекувате додека имате време.
1. Хронична кашлица
Ако сте имале настинка или сте фатиле бронхитис, кашлицата може да трае до две недели. Може да има и знаци на инфекција, како растечен нос или висока температура. Сепак, ако сте почнале да кашлате без причина, и трае повеќе од две недели, веднаш упатете се на доктор.
2. Снемување на здив
Кога не можете да дишите добро или често се задишувате, без да правите ништо, може да укажува на тоа дека имате белодробно заболување, па дури и срцево. Доколку немате срцеви проблеми, веднаш упатете се на доктор за преглед на белите дробови.
3. Болки во градите
Ваквите болки можат да бидат остри или тапи. Доколку имате рак, болките можат да се прошират и на рамената и грбот. Затоа, никогаш не ги игнорирајте болките во градите.
4. Губење на килограми
Неочекуваното губење на килограми, пропратено со горенаведените симптоми, може да сигнализира дека нешто не е во ред со вашето здравје. Доколку ракот на белите дробови е во напредта стаза, ова може да доведе до вртоглавици и слабост, како и губење на килограми.
Доколку ги имате овие симптоми, не паничете веднаш, можеби не се поврзани со рак, но препорачливо е да се упатите на доктор.Ракот на белите дробови е агресивен и опасен, особено, бидејќи симптомите не се појавуваат додека ракот не е во развиена фаза. Но, има некои симпто