Постојат неколку интересни факти за скопјани преку кои секогаш и секаде се препознатливи. Знаеш дека си од Скопје кога…
– Одиш по сите оние клубови, кафулиња и ресторани кои не се гледаат од улица, а кои се култни катчиња за тебе и твоите пријатели.
– Не сфаќаш дека имаш скопски акцент се додека не излезеш од Скопје.
– Кога ќе кажеш – Идам у град, значи дека идеш на пијачка у клуб или кафич.
Или пак едноставно да завршиш некоја работа „во град“.
– Кога ќе видиш екскурзанти од внатрешноста на екскурзија во Скопје, се прашуваш зошто се овие луѓе волку среќни во Скопје?
– Но и ти си исто толку среќен што си во Скопје.
– Знаеш дека во петок навечер ќе потрошиш повеќе време барајќи бесплатен паркинг отколку што ќе поминеш во журкање.
– Ако ти е испод чест да влезеш во Диско а да платиш влез.
– Уживаш во трачарење во секој момент и едвај чекаш некој да стане од маса за да го изоговараш.
– За празници како 1 мај, Велигден, Водици си во Охрид и се гледаш со цело Скопје, дури и пиеш кафе со луѓе што не си ги видел одамна во Скопје, ама ете сте се сретнале таму викендашки.
– Понекогаш мрчиш за Скопје, ама кога ќе се спомне Белград се влажниш небаре е Њу Јорк.
– Ако мислиш дека се знаеш со цело Скопје, евентуално пола.
– Преку ден пиеш по 3-4 кафиња, па после заглавуваш со друштво во кафана.
– Ако за „Мекиците од Стража“ сеуште викаш- пред Путник.
– Постојано вртиш бизниси, цело време си во фрка, имаш нови зделки и еден куп работа.
– Навиваш за Вардар цел свој живот.
– Ги знаеш сите градски фаци кои оставиле свој печат на Скопје.
– Ја знаеш на памет „Скопје“ од Леб и Сол, а Кети и Лина од „ Неправда“ ти се најголеми фраерки. Секако и „ Високи Штикли“ и „ Ако ми дадеш“ ти се култни.
– Ако Охриѓани за тебе викаат- Море она Скопјанишчено…
– Знаеш да разликуваш сељак од селанец.
– Кога возиш во гужва ги пцуеш сите што немаат скопски регистрации.
– Жена ти или мажот ти се од Скопје.
– Зимаш плата 250 евра а трошиш 500.
– Кога ќе ти се јави некој и ќе те праша кај си, одговараш- Еве на кафе.
– Немаш пријатели во високите врвови на администрацијата.
– Немаш потреба да ги убедуваш сите дека си стар Скопјанец.
– Нарачуваш со другарите ракија и на 43 степени и целиот ден го поминувате во Дебар маало иако температурите се неиздржливи.
– Обавезно и да е црвено на семафори, ако си нервозен свириш.
– Одбиваш да се сликаш пред Воинот на коњ и Триумфалната капија.
– Уште објаснуваш според локацијата на Рекорд, Нова Железничка, Кенан, Нама, Ванила…
– Ако влезеш сам во некоја позната кафана се чудиш со кого попрво да седнеш бидејќи скоро сите ги знаеш.
– Ако барем 2-3 пати си го искачил Водно до врв.
– Имаш барем еден во фамилија што е факултетски образуван ама не е вработен со години.
– Ако си искачал во Бони, Ани, Аполон, Алпино, Корнер, Булевар, Малибу, Уна, Огниште, Мусандра, Сачмо, Турист, Раф, Елемент, пред Ванила…
– Ако како мал те носеле во циркус Медрано на ливадата во Карпош.
– Ако немаш нива за продавање.
– Ако ги знаеш сите скопски фрази.
– Синоним за благо ти е Апче, за брза храна 7-ца , а за пиво- Скопско.
– Ченто го викаш Сингелич.
– Си одел на лизгалиште.
– Не се фотографираш по новоотворените трговски центри за да закачиш слика на Фејсбук.
– Ако си одел на излет на Матка, Треска, Катланово, езерце, Чичино Село…
– Ако си вртел на 223- 305 за да видиш дали ќе ти се јави Драган Мијалковски.Знаеш дека си од Скопје кога…
– Одиш по сите оние клубови, кафулиња и ресторани кои не се гледаат од улица, а кои се кул