Знаете ли кои се причините за рак на дојка?

Ракот на дојка е се почесто малигно заболување кај жените. Покрај, жените, ракот на дојка може да се појави и кај мажите, но во помал процент. Во Америка веќе се откриени околу 200.000 нови случаи на рак на дојка кај жените, а исто така и во Македонија бројката на заболени од рак на дојка, полека но сигурно се зголемува.Во нашата земја од рак на дојка најчесто страдаат жени на возраст од 45 до 49 години како и жени на возраст од 55 до 59 години. 
Сепак, ракот на дојка не гледа години, едноставно се појавува онаму каде што смета дека ќе може да „вдоми“ и развие. 
Дали знаете кои се причините за настанување на рак на дојка?
Постојат повеќе причини како:
1. Пол – Жените се изложени на поголем ризик од рак на дојка отколку мажите. Според последните истражувања, само 1 отсто од вкупните случаи на рак на дојка, се поврзува со машкиот пол. 
2. Возраст – Како што се зголемува возраста така се зголемува и ризикот за заболување од рак на дојка. Жените кои се на возраст од 60 години се изложени на поголем ризик, отколку помладите жени.
3. Фамилијарна историја – Жените кои имале некој во семејството кој бил заболен од рак на дојка имаат поголеми шанси за појава на карцином од останатите. 
4. Изложеност на јонизирачко зрачење – Изложувањето на релативно голема доза на јонизирачко зрачење е поврзано со зголемен ризик за појава на рак на дојка.
5. Дебелината – Дебелината го зголемува ризикот од појава на рак на дојка, па затоа оние жени кои се со прекумерна телесна тежина имаат поголеми шанси за појава на рак на дојка.
6. Менструација на рана возраст – Жените со рана прва менструација се изложени на поголем ризик од појава на оваа болест.
7. Доцна менопауза – Кај жените чија менопауза започнува во возраст над 55 години, се зголемува веројатноста од појава на рак на дојка.
8. Алкохолот – Редовното консумирање на алкохол може да биде причина за зголемениот ризик од појава на рак на дојка.
9. Прво породување по 35-годишна возраст – Жените кои имаат прво дете на возраст над 35 години, имаат 40 отсто поголем ризик да заболат од рак на дојка.
Ракот на дојка е тема која секојдневно е дебатирана насекаде низ светот. Светските здравствени институции се обидуваат на секаков можен начин да ја информираат јавноста за овој вид на карцином, причините за негова појава и начинот на заштита како и начинот на лекување.
Ракот на дојката е резултат од комплексна комбинација на генетски фактори и фактори од надворешната средина.Во нашата земја од рак на дојка најчесто страдаат жени на возраст од 45 до 49 години како и жени на возраст од 55 до 59 години. 
Сепак

Пронајдете не на следниве мрежи: