Сте знаеле ли дека пред календарските интервенции од страна на римскиот император Нума Помпилиј, годината почнувала со Март, а Јули не постоел како месец се до доаѓањето на Јулие Цезар на власт? За тие што ги интересира, еве еден краток историјат на календарот, каков што го познаваме и употребуваме денес. Оригиналната римска година имала 10 месеци (Martius , Aprilis, Maius, Junius, Quintilis, Sextilis, September, October, November, December), а почнувала со Март. Нума Помпилиј, вториот римски император што живеел некаде околу 700 година пред н.е., додал уште два месеца - Januarius и Februarius и го поместил почетокот на годината од Март во Јануари. Покрај тоа, го сменил бројот на деновите во месецот, а вовел и „меѓумесец“ - Intercalaris, што векови подоцна од календарот го отстранил Јулие Цезар, но останала трага од тој месец во престапниот Февруари. Еве што значат имињата на месеците:
– Јануари доаѓа од Јанус, богот на вратите и портите, како и на изгрејсонцето и зајдисонцето, и воопшто на почетоците и краевите. Тој бил бог со две лица, едното свртено нанапред, а другото наназад. Јануари е наречен според богот на почетоците, затоа што овој месец ја отвара годината.
– Февруари доаѓа од зборот februo што значи „прочистување“. Во стариот Рим на 15 февруари се принесувале жртви на боговите, со цел луѓето да се прочистат од гревовите.
– Март, од богот Марс, римскиот бог на војната. Овој месец е наречен така затоа што тогаш почнувала работната година за војниците. Сите воени активности почнувале во Март, бидејќи во текот на зимата немало борби.
-Април води потекло од зборот aperire што значи „отварање“. Со ова име се означувало доаѓањето на пролетта и отварањето на пупките и лисјата на дрвата.
– Мај доаѓа од Маја, божицата на плодноста, мајка на Меркур и ќерка на Атлас.Мај е месец кога вегетацијата расте и носи плодови.
– Јуни е именуван според Јуно, главната божица во римскиот пантеон. Таа била божица на венчавките, ќерка и сестра на Јупитер.
– Јули како месец го вовел Јулие Цезар и затоа го носи неговoто име. Старото име било Quintilis, што значи петти месец.
– Август е наречен според Август Цезар, кој ја довршил реформата на календарот што ја започнал Јулие Цезар и го преименувал осмиот месец во сопствена чест.
– Септември, октомври, ноември и декември се наречени спорeд бројките седум (septem), осум (octo), девет (novem) и десет (decem) според нивниот редослед во стариот календар, но и после реформата на папата Григориј 13, кој го прогласил Јануари за прв месец во годината, ги задржале старите имиња. Оригиналната римска година имала 10 месеци (Martius , Aprilis, Maius, Junius, Quintilis, Sextilis, September, October, Nove