Кога почнале да се произведуваат стаклени шишиња за вино, било невозможно да се направи шише со рамно дно.За пакувањето на омилениот пијалок да биде стабилно, произведувачите смислиле вдлабнување на дното, што ја намалува стаклената површина која треба да се израмни. Набрзо и останатите шишиња почнале да се произведуваат по ист принцип, па шишето со вдлабнатина на дното станало некој вид светска традиција.
Постојат уште поважни причини поради што ваквиот изглед на шишето за вино е важен.
Имено, вдлабнатината на дното на шишето овозможува винскиот талог да се спушти по самиот раб на базата, што создава помала веројатност да се најде во вашата чаша, никој не сака заматено вино, тоа е сигурно.
Вака направеното дно на шишето е важно и за пенливите вина, поготово доколку ви е важно да ги отворите на спектакуларен начин. За шампањското да пукне во вашите раце, вдлабнувањето на дното на шишето е неопходно бидејќи токму тоа создава бранови и поголем притисок кога ќе ја изамтите содржината.
Најинтересната причина за постоењето на ова дно е тоа што шишето секогаш изгледа подебело. Покрај тоа, оние посилните поради тие вдлабнувања можат да понесат повеќе шишиња истовремено, а професионалците вешто ги користат на атрактивен начин да го сипуваат виното.За пакувањето на омилениот пијалок да биде стабилно, произведувачите смислиле вдлабнување на дното, што ја намалува стаклената површина