Велот на невестата се смета за еден од традиционалните делови скоро на секое венчавање,а во денешницата се почесто се носи и како одраз на модниот вкус на невестата.Меѓутоа знаете ли колку е таа традиција стара и што точно се сокрива во неговото значење?Традицијата поврзана за венчавањето ја следиме слепо без да го знаеме нејзиното потекло. Една од таква традиција е и носењето на вел на денот на венчавката. Почетокот на оваа традиција изненадувачки потекнува уште од Римското царство.
Во тоа време невестата од глава до пети била покриена со црвено платно кое го нарекувале фламеум, а целта на покривањето било да изгледа како да гори.
Имено, тоа било така за да ги избрка злите духови кои планирале да го упропастат денот на нејзиното венчавање.
Меѓутоа,тогаш долгите платна и венчаници имале уште една цел,а тоа е да го отежнат бегството на невестата.
Во текот на вековите велот имал различни задачи. Кога биле во прашање договорените бракови,невестата морала да носи вел се додека заветите не биле кажани бидејќи се стравувало дека ако младоженецот ја види идната сопруга пред заменувањето на заветите и таа не му се допадне би можел да го одбие договарањето на бракот.
Статусен симбол
Исто така, во многу религии велот е знак на понизност и почитување на божествата во текот на религиските церемонии. Меѓутоа, во Викторијанското време велот станал статусен симбол.
Тежината,должината и квалитетот на велот го означувале статусот на невестата. Секако,невестата од кралските семејства имале најдолги велови и венчаници.
„Во Викторијанското време велот бил симбол на друштвен статус„
Секако,према празноверието кое е познато и денес, се смета дека е лоша среќа ако младоженецот ја види невестата пред церемонијата.Традицијата поврзана за венчавањето ја следиме слепо без да го знаеме нејзиното потекло. Една од таква традиција е и носењето на вел на денот на ве