Знаевте ли дека овие четири фактори одредуваат колку ќе живеете

Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Цирих учествувале 16,721 луѓе, на возраст од 16 до 90 години. Целта на истражувањето била да се утврди како здравите животни навики изгледаат изразени во бројки и да докаже како избегнувањето на нездравите фактори може да допринесе за продолжување на очекуваниот животен век.Јадете здраво, редовно вежбате, не пушите и не пиете голема количина алкохол- сметате ли дека здравиот начин  на живот на крај ќе ви се исплати?
Научниците во новата студија даваат потврден одговор на ова прашање наведувајќи дека со избегнување на четири лоши навики сепак може да се продолжи животниот век.
Според новата студија  објавена во списанието „ Preventative Medicine“ животниот век може да се продолжи доколку се избегнуваат четири лоши навики: пушење, алкохол, лоша исхрана и неактивност.
Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Цирих учествувале 16,721 луѓе, на возраст од 16 до 90 години. Целта на истражувањето била да се утврди како здравите животни навики изгледаат изразени во бројки и да докаже како избегнувањето на нездравите фактори може да допринесе за продолжување на очекуваниот животен век.

Истражувањето  покажало дека пушењето е дефинитивно најголем фактор на ризик, а пушачите имаат 57 отсто поголем ризик од прерана смрт. Исто така, луѓето не избегнуваат ниту една од четирите лоши животни навики  имаат два пати поголем ризик од прерана смрт.
„Бевме прилично изненадени од два пати поголемиот ризик од прерана смрт кои ги создаваат овие четири фактори кога ќе се искомбинираат. На пример, веројатноста дека 75 годишен маж, кој не избегнува ниту еден фактор, ќе ги доживее следните десет години е само 35 отсто. Но, доколку таа иста личност ги избегнува наведените фактори шансите да живее долг живот изнесуваат дури 67 отсто“, вели научникот.
Освен тоа, влијанието на нездравиот начин на живот се зголемува со текот на годините, За личностите стари помеѓу 45 и 55 години кои пушат, пијат алкохол, не вежбаат и нездраво се хранат, ефектот на негативните фактори е многу помал отколку кај луѓето од 65 до 75 години. Можностите една личност од 75 години која живее здраво да ги доживее следните десет години  изнесуваат 67 отсто.
Совет: јадете здраво, вежбајте и откажете се од пороците и телото ќе ви биде благодарно по подоцнежните години.Јадете здраво, редовно вежбате, не пушите и не пиете голема количина алкохол- сметате ли дека здравиот начин  на живот на крај ќе ви се исплат

Пронајдете не на следниве мрежи: