ЗНАК ЗА ПАНИКА: Забележана руска подморница јужно од Дубровник?!

Имено, јужно од Дубровник било забележано неидентификувано пловило кое некое време дури се губело под површината на водата на длабочина на перископ, пренесе „Слободна Далмација“.Изгледа дека тоа е руска подморница, земајќи ги в предвид најавените руски и кинески воени вежби во Средоземното Море.
„Многу е веројатно дека сигналот беше забележан со мрежа сонари. Нема друга метода која поточно би можела да ја потврди присутноста на подморницата. Со оглед на тоа дека во Италија, посебно на југот од таа земја, се наоѓа цела плејада на институции на НАТО – почнувајќи од бази, па сѐ до слични воени комплекси, сосема е очекувано Отрант веќе долга низа години да се набљудува на таков начин“, рекол Игор Табак од порталот „Обрис.орг“.
Табак истакнал: „Не верувам дека подморницата не можела да биде идентифицирана со оглед на тоа дека постојат бази на звучни сигнатури на голем број подморници, кои редовно се ажурираат. Дали станува збор за Русите? Веројатно, ако ги земеме во предвид последните случувања и нивната присутност во Балтикот, како и во Северното и Црното Море“.
Да потсетиме, руската и кинеската морнарица кон средината на мај ќе одржат заедничка воена вежба во Средоземното Море. Ова е прв пат да се одржи таков вид вежба во овој дел од светот. Кинеските власти објавија дека ќе учествуваат вкупно девет воени бродови од двете земји.
„Цел е да се разбуди пријателска и практична соработка, како и да се зголеми способноста на морнариците од двете земји заеднички да ги решаваат поморските закани за безбедноста“, рекол портпаролот на кинеското министерство за одбрана Генг Јаншенг.
Кина тврди дека вежбите немаат никаква врска со состојбата во регионот.
„Треба да се истакне дека овие вежби не се насочени кон некоја трета страна и дека немаат никаква врска со ситуацијата во регионот“, додал кинескиот министер. Морнаричките сили на Кина, вели тој, во моментов учествуваат во борбата против пиратите во Аденскиот залив.Изгледа дека тоа е руска подморница, земајќи ги в предвид најавените руски и кинески воени вежби во Средоземното Море.
„Многу е верој

Пронајдете не на следниве мрежи: