Една мајка испрати на Фејсбук слика од еден знак, кој го видела на одделот за девојчиња во продавницата на „Dillard“: „Драги Дедо Мраз, те молам оваа година да ми подариш голема дебела банкарска сметка и тенко тело. Те молам да не ги измешаш овие две работи, како што тоа го направи минатата година. Благодарам.“Знакот беше споделен повеќе од 400 пати, а WPTV од Вест Палм Бич, искоментира зошто на мало девојче би му требало банкарска сметка.
Претставниците од Dillard изјавија дека знакот беше ставен во Одделот за девојчиња по грешка и веднаш беше испратена наредба да се отстрани знакот од сите нивни продавници низ САД.
Сепак, д-р Робин Силверман, авторот на книгата „Добрите девојки не се здебелуваат: Како опседнатоста со тежината ги расипува девојките и како може да им помогне?“, вели дека знакот никогаш и не требало да се постави.
– Време е трговците на мало да престанат да се шегуваат на сметка на изгледот на телото на жените, рече таа и додаде: – Ако знакот беше ставен таму по грешка, тоа е навистина погрешен потег. Кога знакот е поставен така, тоа испраќа порака дека испишаната желба на него ќе биде соодветна работа за да ја посака некој толку многу, што некој се потрудил да го испише и да се осигура дека ќе биде виден.
Силверман вели дека родителите треба да го искористат овој знак – или било кои медиуми, за да се прати порака дека големината на вашето тело и форма не е најважното нешто за луѓето. Дури би можело да има цел и за подучување. Тоа би навело да се поставуваат прашања од типот: Што мислите за знакот? Зошто некој би се потрудил направи таков знак? Како се почувствувавте кога го видовте знакот?
– Трговците и вработените во маркетиг индустријата ги користат овие видови на пораки да направат да се чувствуваме лошо, па ќе нѐ натераат да купуваме повеќе од нив за да им ја оствариме желбата и да им ги наполниме џебовите, вели Силверма.
И додека знакот можеби бил наменет како сезонска шега, ефектот се задржува подолго.
Силверман вели: „Секој пат кога ќе добиеме порака како оваа- и тоа го правиме одново и одново и одново – тоа ја пласира пораката дека најважната работа за посакување е тенко тело и пари. Ние сакаме нашите деца да сфатат дека најважното нешто за нив е нивниот карактер и силата. Нивното тело не им ја формира внатрешноста и духот“.Знакот беше споделен повеќе од 400 пати, а WPTV од Вест Палм Бич, искоментира зошто на мало девојче би му требало



