Знамето во руската Амбасада во Анкара изутрината беше поставено на половина копје во врска со убиството на амбасадорот Андреј Карлов, јави ТАСС.Амбасадата денеска треба да донесе одлука за отворање на книга на жалоста. Се очекува во текот на денот во Амбасадата да пристигнат руски државјани, кои живеат во Анкара, како и турски граѓани за да изразат сочувство во врска со смртта на амбасадорот.
Обезбедувањето на дипломатското претставнишство синоќа беше зајакнато со дополнителни сили за безбедност. Зголемените мерки за безбедност се уште се во сила.
Група руски претставници ќе пристигнат денеска попладне во Анкара за да ја разгледаат со турските иследници ситуацијата во врска со убиството.Амбасадата денеска треба да донесе одлука за отворање на книга на жалоста. Се очекува во текот на денот во Амбасадата да пристигнат руски државјани